1. Јавни површини се површини во општа употреба и според намената се:
(2) Меѓусебните права, обврски и одговорности на Градот Скопје и овластениот субјект на кој му е дадена дозвола, се уредуваат со договор.
II. УРЕДУВАЊЕ НА НАСЕЛБИ
(2) Под уредување на населбите, во смисла на оваа одлука, се подразбира уреденост на:
1. Надворешни делови на објектите
(2) Надворешните делови на објектите мораат да се одржуваат на начин да бидат уредни и чисти.
(3) Се забранува надворешните делови на објектите да се оштетуваат, на нив да се испишуваат или цртаат какви било пораки и слично, да се шкртаат, лепат со плакати и слично или на друг начин да се валкаат и нагрдуваат.
(4) Се забранува поставување на направи за сушење на алишта, обесување (простирање) на алишта, постелнини, завеси, теписи и слично или изложување (оставање) на други предмети на или преку надворешни делови од објектите, на огради и во дворни места на објектите што се со поглед кон улица или плоштад.
(5) Се забранува изведување на какви било работи и интервенции на надворешен дел од објект без одобрение на надлежен орган согласно прописите за градење, а на објект на кој му се утврдени споменички или амбиентални вредности или се наоѓа на подрачје заштитено како споменичка целина и без согласност на надлежна институција за заштита на културното наследство.
(6) Грижата за одржување, правилно користење и заштита на надворешните делови на објект е обврска на сопственикот односно корисникот на објектот, односно на сопствениците и корисниците на посебните делови на објектот, согласно прописите за домување.
Фасада
(2) Фасада и калкан на објект може да се украсува со мурал, мозаик, слика, цртеж, витраж и слично, согласно одобрена техничка документација.
Член 8
(2) За поставените рекламни и информативни паноа од ставот (1) на оваа одлука, се плаќа комунална такса, согласно одлука на Советот на Градот Скопје.
(3) На други надворешни делови на објектите од членот 6 став (1) на оваа одлука, не се дозволува поставување на рекламни и информативни паноа, освен за некомерцијално означување или рекламирање на сопствена фирма или нејзин производ односно услуга, согласно ставот (1) на овој член.
(4) Рекламните паноа можат да бидат осветлени.
(5) Рекламните и информативни паноа, според својата содржина, израз и порака, не смеат да го повредуваат моралот на луѓето, а според својот облик, димензија, материјал и боја мораат да се вклопат во постојното опкружување и не смеат да ја загрозуваат сигурноста и безбедноста во сообраќајот.
Прозорци, балкони, тераси, лоѓии
Излози
(2) Излозите на деловните простори и витрините на приземјето на објектите што се со поглед кон улицата, мораат да бидат осветлени за времетраењето на јавното осветлување.
(3) Забрането е испишување на пораки и реклами на излогот, освен оние со кои се истакнуваат привремени известувања во врска со намалувањата на цените или се рекламира сопствената фирма или нејзин производ односно услуга.
(4) Доколку деловниот простор не се користи, како и за време додека во него се изведуваат работи на реновирање и сл., излогот или витрината мора да се прекрие со непрозирен материјал или на друг начин да се оневозможи увид во внатрешноста на истиот.
(5) Во излогот не смее да се држи амбалажа или да се складира стока.
(6) Забрането е да се изложува стока надвор од излогот, односно деловниот простор (на влезна врата, прозор, рамка на излогот и сл.), без одобрение за вршење дејност пред, односно надвор од деловен простор, што го издава градоначалникот на Град Скопје.
Уреди
(2) За изведување на работи на поставување на уреди од ставот (1) на овој член на надворешен дел од објект на кој му се утврдени споменички или амбиентални вредности или се наоѓа во подрачје заштитено како споменичка целина, услови и согласност издава надлежна институција за заштита на културното наследство.
(3) Уредите од ставот (1) на овој член се поставуваат на начин на кој не се нагрдува и предизвикува оштетување на самиот објект или на соседен објект и не се загрозува безбедноста на сообраќајот и безбедното движење на пешаците.
(4) Клима уредот се поставува така да се оневозможи излевање на кондензатот од уредот на надворешните делови на самиот објект или на соседен објект, како и директно излевање на јавна површина.
Илуминација
(2) За изведување на работи од ставот (1) на овој член на надворешен дел од објект на кој му се утврдени споменички или амбиентални вредности или се наоѓа во подрачје заштитено како споменичка целина, согласност дава и надлежната институција за заштита на културното наследство.
Знамиња
Тенди
(2) Тендите и чадорита мора да се одржува во уредна и чиста состојба.
(3) Тендата, односно чадорот не треба да содржат рекламна порака. Доколку тендата, односно чадорот содржат рекламна порака, нејзиниот сопственик/корис-ник е должен да плаќа комунална такса.
Пасажи
(2) Во пасажите и на просторот пред влезовите не е дозволено паркирање на возила и оставање на какви било предмети или градежен материлал.
(3) Пасажите и просторот пред влезовите во објектите мораат да бидат осветлени за време на траењето на јавното осветлување.
2. Дворни места и неизградено градежно земјиште
(2) Дворните места и неизграденото градежно земјиште, како и местата/површи-ните што се наоѓаат внатре или меѓу станбен или деловен блок или меѓу објекти, мораат да се одржуваат во уредна и чиста состојба.
(3) На површините од ставот (2) на овој член е забрането оставање, фрлање, складирање или спалување на отпадот.
(4) Во дворните места и на оградите не се дозволува поставување на рекламни и информативни паноа, освен за некомерцијално означување или рекламирање на сопствена фирма или нејзин производ односно услуга, по претходно добиено одобрение од градоначалникот на Град Скопје.
(5) На начинот на одржување на површините од ставот (2) на овој член, како и нивната чистота се применуваат и одредбите на членовите 91 и 92 на главата “VII. Начин за одржување на чистота во дворни места, места на колективни и индивидуални станбени објекти“ на оваа одлука, како и прописите за јавната чистота, домувањето, управувањето на отпадот и соодветни прописи на Градот Скопје. 3. Огради
(2) Бодликава жица и шилци, по исклучок од став 1 на овој член, може да се поставуваат само како дополна на постојна ограда, на висина над 190 см.
(3) Сопственикот односно корисникот е должен оградата што е со поглед кон улица или плоштад да ја одржува уредна, да ги поправа и заменува оштетените делови, оградата од украсни растенија редовно да ја кастри да не ја преминува регулационата линија на јавната површина и да не претставува опасност за минувачите.
4. Зеленило
(2) Украсувањето се врши со поставување на знамиња, светлечки тела и други пригодни украсни елементи.
(3) Украсувањето го врши јавно претпријатие или овластен субјект.
III. УРЕДУВАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ, ЧИСТЕЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПАРКОВИТЕ, ЗООЛОШКИ ГРАДИНИ, ЗЕЛЕНИТЕ И РЕКРЕАТИВНИ ПОВРШИНИ И ПАРК ШУМИТЕ Зелени површини, паркови, парк-шуми
- одгледување и обновување на зеленилото; - заштита на зеленилото од оштетувања, болести и штетници; - разретчување на дрвјата во парк-шумите; - чистење на озеленетите површини; - одржување на објекти, уреди, инсталации и урбана опрема што се наоѓа на озеленетите површини и нивна заштита од оштетувања; - одржување и чистење на патеките на озеленетите површини.
Член 23
(2) Во програмата од ставот (1) на овој член се планираат јавните површините за озеленување и обновување, видовите на зеленило, поставувањето и видот на урбаната опрема и други работи на одржувањето, како и трошоците за извршување на овие работи и изворите на средствата.
(3) Програмата од ставот (1) на овој член ја донесува и реализира јавно претпријатие или овластен субјект, врз основа на развоен план за вршење на дејноста што Советот на Град Скопје го донесува за период од три години.
(4) Програмата од ставот (1) на овој член се донесува најдоцна до 15 декември во тековната година, за наредната година, по претходна согласност на Советот на Град Скопје.
- противправно корнење, сечење и кастрење на дрвја, грмушки и жива ограда; - било какво оштетување на зеленилото (соголување и засекување на стеблата, газење и седење на тревниците, кинење на цвеќе, откорнување на цветни и тревни бусени и слично); - деградирање на растителните услови (отстранување на земјата и откривање на корењата, затрупување на стеблата, промена на нивото на водата, промена на структурата и составот на почвата и друго); - собирање на плодови и цветови од дрвјата; - копање и изнесување земја, копање на канали, вршење на прекопи и слично; - палење на оган и палење на стебла; - фрлање и оставање отпадоци надвор од местата определни за таа намена; - истоварување и оставање на стока, амбалажа, шут, градежен и огревен материјал и слично на или покрај зеленилото; - истурање на нечиста вода и други течности што ја загадуваат и оштетуваат озеленетата површина; - чување и напасување добиток и живина; - на дрвјата да се поставуваат, закачуваат, коваат или потпираат рекламни паноа, натписи и лепење на плакати; - поставување, поправка, замена и преместување на објекти, уреди, инсталација, комунална опрема, киосци, рекламни паноа, натписи, знаци, патокази, соопштенија и слично, без одобрение; - уништување и оштетување на објекти, уреди, инсталација, комунална опрема, рекламни паноа, натписи, знаци, патокази, соопштенија и сл.; - минување, запирање, паркирање и оставање на било кој тип возила и нивно миење.
(2) На просторот на парк-шума и карактеристичен пејсаж, освен работите од ставот (1) на овој член не е дозволено и:
- убивање, прогонување и вознемирување на животинските видови, уништување на нивните развојни облици (ларвите, јајцата, младунчињата, седалата, леглата и сл.); - подигање на објекти во границите на заштитеното подрачје на парк-шумата Водно, освен објекти од јавен интерес, кои не го нарушуваат интегритетот, односно природниот изглед на планината; - напасување стока, освен на подрачјата определени за таа цел со урбанистички план; - обработка на земјиштето надвор од населените места, со што се нанесува штета и нарушува целината на парк-шумата Водно; - употреба на хемиски средства штетни за развитокот на растителниот и животинскиот свет; - експлоатација на камен, чакал, песок и земја; - користење на извори, освен за потребите на заштитеното подрачје; - менување на постојната засенетост на дрвјата и растенијата (разголување на крошната или стеблото, засенчување на дрвјата со градби или направи и слично); - поставување на туѓи тела на стеблата и гранките (светилки, носачи на жичани водови, табли, орманчиња, антени, скали и др.) и - стопанска експлоатација на дрвните видови.
(2) Со одобрението од ставот (1) на овој член се утврдуваат условите и начинот на извршување на работите, согласно соодветни нормативи и стандарди.
(3) Во парк-шума и какрактеристечен пејсаж, покрај работите од ставот (1) на овој член, сечење на дрвја може да се врши заради одгледување на шумата.
(4) Во случај на откорнување и сечење на дрвја, грмушки и слично, просторот мора соодветно да се уреди (да се изврши обнова односно замена на истите).
(2) Пред отпочнувањето на работите, овластени претставници на изведувачот, Градот Скопје и на јавното претпријатие или овластениот субјект составуваат записник за состојбата на зеленилото и комуналната опрема.
(3) Пред добивање на одобрението од членот 26 на оваа одлука, изведувачот е должен на сметка на Градот Скопје да депонира средства или да достави банкарска гаранција за квалитетна заштита односно за покривање на трошоците за враќање на зеленилото и комуналната опрема во првобитната состојба.
(2) Инвеститорот што гради инвестиционен објект на пренаменетата јавна зелена површина, пред добивањето на одобрение за подготвителни работи, е должен на сметка на Градот Скопје да депонира средства за уредување на другата неуредена локација предвидена за озеленување.
(2) По исклучок, нови инсталации можат да се поставуваат и над земја, кога е тоа неопходно, заради специфичноста на теренот и под услов да не го попречуваат правилниот развиток на зеленилото и да не го нарушуваат естетскиот изглед и нормалното користење на зелените површини.
(2) Организаторотбарател на одобрението за користење на јавната зелена повр-шина е должен со барањето да достави согласност и доказ за регулирање на обврските за плаќање на комунална такса и за чистење и доведување на јавната зелена површина во првобитна состојба (обезбедени и депонирани средства за таа намена или склучен договор со јавно претпријатие или друг овластен субјект или документ за ослободување од обврската).
(2) Одобрението од ставот (1) на овој член содржи особено: назив, односно име и презиме на корисникот на микролокацијата; означување на микролокацијата; видот на уредот, односно апаратот што се поставува; висината на цената што корисникот треба да ја плати за одржување на површината, согласно со утврден ценовник; комуналната такса, времетраењето на одобрението и сл.
(2) Средствата од ставот (1) на овој член мора да се употребат за намената за која се уплатени.
(2) При примопредавањето на добитокот односно живината, неговиот сопственик, односно корисник е должен да приложи доказ за својот идентитет, како и доказ/изјава за правото врз добитокот односно живината.
(3) Примопредавањето се врши по наплатата на трошоците за отстранување, транспортирање и чување на добитокот односно живината, односно со приложен документ за наплатени трошоци.
(2) По истекот на рокот од ставот (1) на член 35 на оваа одлука, Градот Скопје ќе го довери чувањето и користењето на добитокот односно живината на заинтере-сирано правно или физичко лице, под услови и на начин утврдени со договор. Сопственикот, односно корисникот на добитокот односно живината може да го подигне добитокот односно живината од овој субјект, по плаќање на направените трошоци за чување од негова страна, како и трошоците од ставот (1) на овој член.
(2) Согласност на актот од став 1 на овој член дава Советот на Град Скопје.
(3) Кога отстранувањето го врши овластен субјект, трошоците од членот 35 на оваа одлука, се утврдуваат со договор меѓу Градот Скопје и овластениот субјект, во согласност со закон.
(4) Сопственикот односно корисник на добитокот односно живината е должен, покрај трошоците за нивно отстранување, транспортирање и чување, да плати и надоместот на штета што добитокот односно живината ја сториле на зеленило и јавна зелена површина, според ценовник што го утврдува јавното претпријатие или овластениот субјект во согласност со Градот.
Зоолошки градини
Член 41
- отстранување на наносот и нечистотијата од водната површина и нејзиниот
(2) Начинот на работата и одржувањето на редот на базенот, односно езерото поблиску се уредува со акт на јавното претпријатие или овластениот субјект.
(3) Согласност на актот од ставот (2) на овој член, дава Советот на Град Скопје.
(4) Одредбите на актот од ставот (2) на овој член се истакнуваат на видно место на просторот на базенот, односно езерото, пред започнување на сезоната и во текот на сезоната, а корисниците се должни да ги почитуваат.
IV. ОДРЖУВАЊЕТО И КОРИСТЕЊЕТО НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
- одржување на јавната чистота, - одржување на зеленилото, - поправка на оштетени делови, - отстранување на градежен и друг отпад, - отстранување на остатоци од масла и масти, парафин и гуми за џвакање од тротоари, плоштади и пешачки патеки, - преземање други работи, како и воздржување од активности со цел површината да биде во уредна состојба. (2) За уредна и чиста состојба на уредените и изградени јавни површини се грижат јавните претпријатија или физички и правни лица овластени со посебни прописи на Градот, согласно закон.
(3) За уредна состојба на неизграденото градежно земјиште наменето за уредува-ње или изградба на јавни објекти или јавни површини должен е да се грижи сопст-веникот, односно корисникот (непосредниот држател) на тоа земјиште.
- оставање на градежен материјал, предмети и разновиден отпад, како и каков било вид на пречки, - противправно прекопување и друг вид оштетување, - движење на возила по тротоари или пешачки патеки, велосипедски патеки и зелени површини, освен на места предвидени, уредени и обележани за паркирање, - пасење стока, - оставање и чување на амбалажа пред или надвор од деловниот објект, - поправање, сервисирање и миење на возила, - испуштање на отпадни води, - продавање или изложување на производи или вршење на дејности пред или надвор од деловниот објект, освен во случаи, под услови и на начин и постапка утврдени со закон или пропис на Градот, - цртање и пишување на пораки, реклами или други текстови без претходно одобрение од градоначалникот на Град Скопје, освен за хоризонталана сообраќајна сигнализација, - противправно поставување на подвижни реклами и други предмети и направи што го попречуваат слободното и непречено движење и користење на јавните површини, - оштетување и загадување на објектите на комуналната инфраструктура, на уредите и комуналната опрема, - противправно поставување, интервенции, отстранување или преместување на објекти на комуналната инфраструктура, уредите и опрема, како и попречување на нивното поставување, - оштетување и уништување сообраќајни знаци, патокази, семафори и друга опрема која е во функција на сообраќајот, - отворање и отстранување на капаци на шахти и отвори на јавни повтршини, - противправно поставување на помошни објекти (гаражи, брвнари, остави, шупи и слично).
1. попречување на користење на улица со запирање или оставање на возило особено на:
Член 50
Објекти на комуналната инфраструктура, комунални уреди и урбана опрема
(2) Објектите на комуналната инфраструктура, комуналните уреди и урбаната опрема се градат, односно поставуваат и одржуваат согласно соодветни закони и други акти, како и прописи (одлуки, правилници и програми) на Градот Скопје.
(3) Одржувањето на објектите на комуналната инфраструктура, комуналните уреди и опрема го врши јавно претпријатие или овластен субјект кои се должни да водат евиденција за состојбата на инфраструктурата, уредите и опремата, за настанатите промени и преземените активности.
(4) Поставување на електрични, телекомуникациски и други инсталации на јавни површини се врши, по правило, подземно, по претходно добиено одобрение од градоначалникот на Град Скопје.
(5) По исклучок од одредбата на ставот (4) на овој член, нови инсталации можат да се поставуваат и над земја, кога е тоа неопходно, заради специфичноста на теренот и под услов да не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и да не го нарушуваат естетскиот изглед и нормалното користење на јавните површини.
(6) Јавните чешми и фонтани имаат свој водомер, одводен приклучок и уреден пристап.
- кршење на објектите, уредите и опремата, - пишување, цртање или шарање на објектите, уредите и опремата, - лепење плакати, реклами, огласи и слично, - миење и перење на чешмите, фонтаните и водоскоците, - напојување животни на чешмите, фонтаните и водоскоците, - загадување на водата во фонтаните и водоскоците, - фрлање и оставање на отпад, - палење на оган на или близу објектите, уредите и опремата.
(2) Одржувањето на јавното осветлување во исправна состојба опфаќа одржува-ње на објектите и инсталациите, чистење и замена на светлечките тела (сијалици и арматури), означување (нумерирање), чистење и боење на столбовите.
(3) Заради заштита и непречено функционирање на јавното осветлување се забранува: - оштетување и уништување на светлечките тела и електричните столбови, - самоволно приклучување на мрежата од уличното осветлување. - поставување огласи, известувања, реклами и слично, освен со одобрение од надлежен орган.
Прекопување на јавни површини
(2) Со одобрението од ставот (1) на овој член се определува рокот за извршување на прекопот, мерките за заштита на имотот и граѓаните, обврската за геодетско снимање на подземната инсталација, како и рокот и начинот на доведување на јавната површина во првобитна состојба.
(3) Инвеститотор на работите од ставот (1) на овој член е должен на сметка на Град Скопје да депонира средства за покривање на трошоците за доведување на јавната површина во првобитната состојба или да обезбеди договор со јавно претпријатие или овластен субјект за вршење на работи на одржување на соодветната јавна површина.
(4) Работите од ставот (1) на овој член, не можат да се вршат по уредувањето на јавната површина, освен во случај на потреба заради итно отстранување на дефект на комуналната инфраструктура.
(2) Инвеститорот на работите е должен во рок од 3 дена од денот на отстранувањето на последиците од виша сила, односно дефектот, да поднесе писмено барање за издавање одобрение за прекоп.
(2) По исклучок, со одобрение на градоначалникот на Град Скопје може да се вршат прекопи и надвор од периодот утврден во ставот (1) на овој член, доколку за тоа постојат оправдани причини.
Отвори
(2) Отвори во смисла на став 1 на овој член се сметаат особено:
- отвори за водоводни, канализациони, електрични, телекомуникациски, топлификациски, гасоводни и други инсталации и уреди; - отвори за уфрлање на огревен и друг материјал, отвори за осветлување на простории (хоризонтални светларници) и сл.
(2) Оштетените затворачи мора да се заменат.
(3) За време на изведување на работи во отворот, лицето кое ги изведува работите должно е отворот да го огради со препреки и обележи со видливи знаци, а по завршување на работите отворот прописно да го затвори и површината околу отворот да ја доведе во чиста и уредна состојба.
(4) За одржување на отворите од членот 59 став (2) точка 1 се грижат субјектите на кои им припаѓаат инсталациите и уредите во отворот, а за отворите од член 59 став (2) точка 2 сопствениците на просториите.
(5) Се забранува оштетување, отстранување или отуѓување на капаците од отворите од членот 59 на оваа одлука.
Манифестации
(2) Барателот на одобрението за користење на јавната површина е должен со барањето да достави доказ за регулирање на обврските за плаќање на комунална такса и за доведување на јавната површина во првобитна состојба (обезбедени и депонирани средства за таа намена или склучен договор со јавно претпријатие или овластен субјект).
Градилишта
(2) Во договорот се дефинираат времетраењето на закупот, висината на закупнината и други услови во врска со користењето на закупеното земјиште.
(3) Надлежниот орган за издавање на одобрение за подготвителни работи според прописите за градба, не може да му издаде на инвеститорот, односно изведувачот одобрение за подготвителни работи, доколку претходно не е склучен договорот од ставот (1) на овој член.
(2) Јавната површина дадена на привремено користење мора да биде оградена.
(3) Оградата мора секогаш да се одржува, а за време на ноќта, како и за време на магла, мора прописно да биде означена и осветлена со повеќе зацврстени светилки со портокалова боја.
(2) Ако работите се изведуваат на зграда која е утврдена како културно наследство или ужива посебна заштита или се наоѓа во заштитена културно историска целина или зградата се гради во таква целина, заштитната прекривка на скелето мора да биде насликана со фасадата на објектот во размер 1:1.
(3) За уредна состојба на оградата на градилиштето, градежното скеле и заштитната прекривка на градежното скеле должен е да се грижи инвеститорот односно изведувачот на работите.
(4) Преминот под скелето мора да се заштити од истурање и паѓање на материја-лот, односно да биде изведен на начин што овозможува безбедно поминување.
(2) Изведувачот на работите мора градежниот материјал да го обезбеди на начин да не се спречува одведувањето на атмосферската вода.
(3) Се забранува оставање на градежен материјал, шут, габаритен и друг отпад, мешање на бетон и малтер, чување и работа со арматури и други пропратни градежни активности на јавна површина, надвор од одобрената за користење, како и согорување или на друг начин физичко и хемиско третирање на отпадот што се создава при изведување на градежни работи на начин што би предизвикал загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, како и нагрдување и неуредност на просторот.
(4) Изведувачот е должен, пред добивање на одобрение за подготвителни работи, да обезбеди доказ за начинот на кој ќе се постапува со градежниот шут и другиот инертен отпад, што ќе се создаде во текот на изведувањето на градежните активности, во смисла на членот 54 од Законот за управување со отпадот (самостојно да го собере и да го транспортира отпадот или да го предаде на овластени правни и на физички лица кои собираат и транспортираат отпад).
(5) Мобилни тоалети на градилиште мора да се поставуваат внатре во оградениот простор и оддалечени од улица или плоштад или соседен објект најмалку 3 метри.
(6) Се забранува оставање на градежен материјал, шут, габаритен и друг отпад, покрај дрвја, како и користење на дрвјата за вршење на било какви градежни активности што предизвикуваат нивно оштетување.
(7) Ако градежните работи, од какви било причини, бидат прекинати на подолго од 30 дена, изведувачот на работите е должен да го отстрани скелето, оградата и другиот материјал и да ја ослободи јавната површина.
1. чистење, односно обезбедување на чистење на јавната површина околу градилиштето од сите видови градежни и други материјали, кал и сите видови на талози што остануваат на јавната површина како последица на градежните активности во градилиштето; 2. полевање на трошниот (растреситиот) материјал за време на рушење на градежните објекти, со цел да се спречи создавање (кревање) на прав; 3. чистење на уличните шахти во близина на градилиштето; 4. депонирање на градежниот материјал во границите на градилиштето, со цел да не се попречува сообраќајот, слободното движење и слободното истекување на вода и материјалот да не се разнесува по јавната површина; 5. чистење и миење на валкани тркала на возилата во градилиштето пред нивното вклучување во сообраќај.
Утовар и истовар (дотур) на роба
(2) По исклучок, поради недостаток на простор или приод, утовар и истовар на роба и материјал може привремено да се изврши на јавна површина.
(3) Во случај утоварот и истоварот на роба и материјал да се врши на јавна површина, робата, односно материјалот мора да се наредат така да не пречат на сообраќајот на возилата и на пешачкото движење и да се отстранат најдоцна во рок од 30 минути по истоварот.
(4) Работите од ставот (1) на овој член може да се вршат само по претходно добиено одобрение од градоначалникот на Град Скопје.
Дрва и јаглен
(2) За истовар и складирање на огревни дрва, јаглен и слично, како и за сечење и цепење на дрвата и кршење на јагленот, мора да се користат дворните површини.
(3) По исклучок од ставот (2) на овој член, кога за истовар на огревни дрва, јаглен и слично е потребно привремено да се користи јавна површина, истата мора да се користи на начин да не се оштетува, како и да не се попречува сообраќајот на возилата и пешачкото движење.
(4) Дрвата, јагленот и слично мора да се отстранат од јавната површина најмногу за 24 часа, а од користената површина мора веднаш да се исчистат струготините и другиот отпад.
Движење на домашни миленици на јавна површина
(2) Се забранува егзотични и диви животни кои се чуваат како домашни миленици да се изнесуваат на јавни површини и вон од просторот во кој престојуваат, освен во случаи на промена на местото на престојување и носење кај ветеринар и тоа само во соодветни транспортери прилагодени на видот и големината на животното.
(2) По исклучок, куче кое без претходна провокација покажува знаци на агресивност во контакт со луѓе и други животни, односно е со непредвидлив карактер и, како такво, би можело да ја загрози безбедноста на луѓето или другите животни, покрај поводникот, мора да носи и заштитна маска.
(3) Сопственикот на домашниот миленик, како и лицето кое го шета кучето, носи полна одговорност за неговото однесување на јавната површина и за евентуалната штета што ќе ја предизвика.
- во парк и на друга јавна зелена површина, во временски период од 22,00 до 08,00 часот наредниот ден во период на летно сметање на времето, односно од 18,00 до 09,00 часот наредниот ден во период на зимско сметање на времето, доколку на таа површина не е определена целосна, односно временски неограничена забрана на слободно движење на кучињата и - на јавна зелена површина која е определена за неограничено слободно движење на кучиња или во специјално за таква намена изградена површина (во натамошниот текст: парк за кучиња).
(2) Се забранува да се пушти куче од поводник и да се движи слободно на јавна сообраќајна површина, во непосредна близина на училишта и други јавни објекти, во дел на парк или друга јавна површина каде има уредено детско игралиште, во дел под цветен засад, како и во парк и на друга јавна зелена површина вон од временската рамка определена во ставот (1) алинеја 1 на овој член.
(3) Градот Скопје, по предлог на општините во градот Скопје или на јавното претпријатие или овластениот субјект на кого му е доверено уредувањето и одржувањето на јавното зеленило или објект, може да одреди јавна површина на која е забрането шетање на кучиња (на спомен-гробишта, на површини крај споменици и спомен обележја, посебни високодекоративни партери пред значајни јавни установи и институции, сакрални објекти и сл.).
(4) Јавното претпријатие или овластениот субјект од ставот (3) на овој член е должно во паркот и на друга јавна површина да постави табли на кои е означено во кои делови на јавната површина и во кој временски период е забрането слободно движење на кучињата, односно на кои површини е забрането да се шетаат кучиња, како и да го уредува и одржува паркот за кучиња од ставот (1) алинеја 2 на овој член.
- внесување на болни кучиња; - користење на паркот од страна на професионални тренери на кучиња за вршење на обука на кучињата; - внесување на стаклена амбалажа; - внесување и оставање на храна; - потстрижување, четкање, чешлање и други видови на одржување на хигиена на кучињата.
Член 75
- внесување на домашни миленици во објекти и простории:
V. ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОТИВПРАВНО ПОСТАВЕНИ И ОСТАВЕНИ ПРЕДМЕТИ
(2) Противправно поставени и оставени предмети, се отстрануваат.
- (ротациони) сталаци за продажба на весници, списанија, CD и друг печатен или снимен материјал, - колички за продажба на брза храна, - апарати за пуканки, крофнички, шеќерна волна и сл., - фрижидери за сладолед и пијалоци, - статични и подвижни тезги, корпи, гајби и друга амбалажа, - направи за печење и варење костени и пченка, - други апарати или направи во функција на вршење на дејност, - реклами, патокази, плакати со огласи и соопштенија и сл., - бетонски/метални столбчиња и друг вид пречки и блокатори, жардињери и сл., - градежен материјал и отпадоци од градежен материјал (градежен шут), - мобилни тоалети, - стари апарати и предмети од домаќинствата, санитарии, мебел и - други слични предмети.
(2) Работите од ставот (1) на овој член ги врши јавно претпријатие или овластен субјект
(2) Ако сопственикот, односно корисникот не е познат, комуналниот инспектор на Град Скопје истакнува на предметот известување/опомена за обврската, рокот и натамошната постапка за отстранување на предметот.
(3) Сопственикот, односно корисникот на противправно поставениот и оставен предмет, е должен во рокот определен од комуналниот инспектор на Град Скопје или во рокот назначен во известувањето од став (2) на овој член да го отстрани противправно поставениот и оставен предмет.
(4) Ако сопственикот, односно корисникот не го отстрани противправно поставениот и оставен предмет во определениот рок, отстранувањето го врши јавно претпријатие или овластен субјект по налог и во присуство на комуналниот инспектор на Град Скопје, а за сметка на сопственикот, односно корисникот на противправно поставениот и оставен предмет.
(2) Чувањето на предметот не може да трае подолго од 15 дена.
(2) Примопредавањето на предметот се врши по наплатата на трошоците за подигање, транспортирање и чување на отстранетиот предмет, односно со приложен документ за наплатени трошоци.
(3) Доколку сопственикот, односно корисникот на предметот не е познат или предметот не се подигне по истекот на рокот од членот 81 став (3) и 82 став (2) на оваа одлука, Градот Скопје ќе му ги надомести на јавното претпријатие или ов-ластениот субјект направените трошоци за отстранување и чување на предметот.
(4) По истекот на времето од ставот (2) на член 82 на оваа одлука, Градот Скопје ќе го довери чувањето и користењето на отстранетиот предмет на заинтересира-но правно или физичко лице, под услови и на начин утврдени со договор. Сопственикот, односно корисникот на отстранетиот предмет може да го подигне предметот од овој субјект, по плаќање на направените трошоци за чување од негова страна, како и трошоците од ставот (3) на овој член.
(3) Кога отстранувањето го врши овластен субјект, трошоците од ставот (2) на член 83 на оваа одлука, се утврдуваат со договор меѓу Градот Скопје и овластениот субјект, во согласност со закон.
VI. УСЛОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ И ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ ВО ДВОРНИ МЕСТА НА КОЛЕКТИВНИ И ИНДИВИДУАЛНИ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ
(5) За чување и хранење на домашни миленици и животни скитници во заеднички двор на колективен станбен објект, сопствениците на домашни миленици, односно лицата што ја презеле грижата за нивно чување и хранење, мора да имаат писмена согласност на мнозинството сопственици и корисници на дворот, односно соодветна одлука на заедницата на сопственици на посебни делови на зградата, во согласност со прописите за домување.
(6) Сопствениците на домашни миленици, односно лицата што ја презеле грижата за чување и хранење на бездомни кучиња и мачки во заеднички двор на колективен станбен објект се должни да го запазуваат стандардот за одржување на чистотата, да го отстрануваат фецесот од дворната површина и да се грижат за почитување на прописите за јавниот ред и мир и за домување.
(2) Ако кучето се чува во двор, дворот мора да биде ограден и на видливо место да има поставено табла со цртеж и натпис со кој се предупредува на присуство на кучето, а на влезот во дворот мора да има звоно.
(2) Градот Скопје презема мерки за заловување (собирање) на кучиња скитници или нерегистрирани кучиња и нивно сместување во соодветни објекти – прифатилишта. Во прифатилиштата се обезбедува елементарна заштита на животните од непогодни временски услови и редовно хранење и напојување, здравствено третирање и нега, лабараториска анализа, стерилизирање, вакцинирање, дехелминизирање, обележување на здравите кучиња, нивно чување до посвојување или, по исцрпување на сите можности за посвојување, нивно враќање во реонот од каде што се заловени, додека болните и агресивни кучиња кои можат да претставуваат сериозна опасност за здравјето на животните или луѓето, ќе бидат убиени со средства на хумана еутаназија.
VII. НАЧИН ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЧИСТОТА ВО ДВОРНИ МЕСТА, МЕСТА НА КОЛЕКТИВНИ И ИНДИВИДУАЛНИ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ
(2) За уредност и одржување на чистотата на местата од ставот (1) на овој член се грижи сопственикот односно корисникот на дворот, односно сите сопственици и корисници на заедничкиот двор или места.
(3) Во дворните места се забранува оставање, складирањеодносно собирање на каква било амбалажа, кабасти предмети од домаќинството, градежен и друг отпад и какви било други предмети што предизвикуваат нагрдување на изгледот и неуредност на просторот.
(4) Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено:
(6) Доколку местата од ставот (1) на овој член не се одржуваат уредно и чисто, во согласност со одредбите од овој член, комуналните инспектори на Град Скопје ќе им наложат на лицата од ставот (2) на овој член, во определен рок, да ги отстранат недостатоците утврдени на записник.
(7) Доколку лицата од ставот (2) на овој член, во определениот рок, не постапат според налозите на комуналните инспектори на Град Скопје, утврдените недостатоци ќе ги отстрани соодветно јавно претпријатие или овластен субјект од Градот, на трошок на лицата од ставот (2) на овој член.
VIII. НАЧИНОТ НА ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ОДВОДНИ ОТВОРЕНИ КАНАЛИ И РЕЧНИ КОРИТА
IX. ДЕЗИНСЕКЦИЈА
X. МЕРКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОДРЕДБИТЕ ОД ОДЛУКАТA
(2) Спроведувањето на одредени одредби на оваа одлука во кои се утврдени забрани или обврски за преземање на активности или за воздржување од нивно превземање, комуналните инспектори на Градот Скопје ќе го обезбедуваат преку соработка и содејство со органи на државната управа или на општините во градот Скопје или со овластени лица во овие органи (униформирани полициски службеници, овластени инспектори за домување во општините во градот Скопје, инспектори при Државниот комунален инспекторат, комунални инспектори во општините во градот Скопје, овластени инспектори за животна средина, државни инспектори за животна средина и др.) кои согласно закон и друг пропис се надлежни за постапување по соодветната материја.
- ја следи примената на оваа одлука и прописите и актите донесени врз основа на оваа одлука; - ги опоменува правните и физичките лица за однесување што не е во согласност со закон и со оваа одлука и да бара од нив преземање на соодветни мерки; - нареди извршување на работите, ако утврди дека тие не се извршуваат, односно неправилно или непотполно се извршуваат; - забрани вршење на работи без одобрение на надлежен орган, односно спротивно на тоа одобрение; - нареди отстранување на објекти, уреди и опрема, поставени спротивно на урбанистичко-техничката документација; - ги извести надлежните органи или овластените лица и да побара нивно постапување и интервенција во случаи од ставот (2) на член 101 на оваа одлука; - покрене постапка пред надлежен суд и - презема и други дејствија и мерки за кои е овластен.
(2) Врз основа на записникот од ставот (1) на овој член комуналниот инспектор на Град Скопје донесува решение со кое го определува начинот и рокот на отстранување на недостатокот. (3) Доколку субјектот од ставот (1) на овој член сам не го отстрани недостатокот, комуналниот инспектор на Град Скопје ќе донесе заклучок за дозвола за извршување, при што трошоците паѓаат на товар на субјектот.
(2) За постапување спротивно на одредбите на оваа одлука, на сторителот – физичко лице глоба согласно Законот за комунални дејности може да му изрече и комуналниот редар.
(3) Сторителот, покрај глобата, е должен да ги плати трошоците предвидени со одлуката, како и надомест на штета.
XI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Број 07– 4689/1 7 јули 2014 година С к о п ј е СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Ирена Мишева, с.р Në bazë të nenit 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta zyrtare e RM-së” nr. 5/02) dhe në lidhje me nenin 12 paragrafi (2) i Ligjit për veprimtari komunale (“Gazeta zyrtare e RM-së” nr. 95/12), Këshilli i Qytetit të Shkupit, në seancën e njëzeteshtatë, të mbajtur më 7 korrik 2014, solli
(4) Pronari, përkatësisht shfrytëzuesi i bagëtisë, përkatësisht shpezëve është i detyruar që përskaj shpenzimeve për mënjanimin e tyre, transportimin dhe ruajtjen e tyre, të paguaj edhe kompensim për dëmet që bagëtia, përkatësisht shpezët e kanë shkaktuar mbi gjelbërimin dhe sipërfaqen e gjelbëruar publike, sipas çmimores të cilën e përcakton ndërmarrja publike ose subjekti i autorizuar në pajtim me Qytetin. Kopshtet zoologjike
(2) Mënyra e punës dhe mirëmbajtjes së rendit në pishinën, përkatësisht liqenit, prej së afërmi rregullohet me aktin e ndërmarrjes publike ose subjektit të autorizuar.
(3) Në pajtim me aktin e paragrafit (2) të këtij neni, jep Këshilli i Qytetit të Shkupit.
(4) Dispozitat e aktit të paragrafit (2) të këtij neni, theksohet në vend të dukshëm, në hapësirën e pishinës, përkatësisht liqenit, para fillimit të sezonit dhe gjatë sezonit, kurse shfrytëzuesit janë të detyruar që ti respektojnë.
IV. MIRËMBAJTJA DHE SHFRYTËZIMI I SIPËRFAQEVE PUBLIKE
(2) Ndalohet nxjerrja në sipërfaqet publike dhe jashtë hapësirës kur janë të akomoduar, e kafshëve ekzotike dhe të egra që ruhen si kafshë shtëpie, me përjashtim në rastet kur ndryshohet vendi i qëndrimit dhe gjatë vizitës së veterinerit, edhe atë përmes transportuesve përkatës të adaptuar sipas llojit dhe madhësisë së kafshës.
VI. KUSHTET PËR RUAJTJEN E KFSHËVE DHE KANAKARËVE SHTËPIAK NË VENDE TË HAPURA TË OBJEKTEVE BANESORE KOLEKTIVE DHE INDIVIDUALE
(5) Për rruajtjen dhe ushqyerjen e qenve dhe kafshëve endacake në oborr të përbashkët të objektit kolektiv banesor, pronarët e kafshëve shtëpiake, përkatësisht personat që kanë marrë përsipër ruajtjen dhe ushqyerjen e tyre duhet të kenë pëlqim nga shumica e pronarëve dhe shfrytëzuesve të oborrit, përkatësisht vendim adekuat të bashkësisë të pronarëve të pjesëve të veçanta të ndërtesës, në përputhje me dispozitat për banim.
(6) Pronarët e kafshëve shtëpiake, përkatësisht personat që kanë marrë përsipër kujdesin për rruajtje dhe ushqyerje të tyre në oborr të përbashkët në objekt banesor kolektiv janë të obliguar që të respektojnë standardin për mirëmbajtje të pastërtisë, të mënjanojnë fecesin nga sipërfaqet e oborrit dhe të kujdesen për respektimin e dispozitave për rendin dhe sigurinë publike dhe dispozitat e banimit.
VIII. MËNYRA E MIRËMBAJTJES DHE PASTRIMIT TË KANALEVE TË HAPURA DHE SHTRATEVE TË LUMENJVE
X. MASA PËR REALIZIMIN E DISPOZITAVE TË VENDIMIT
(2) Për veprim në kundërshti me dispozitat e këtij vendimi, shkelësit – personit fizik gjobë në përputhje me Ligjin për veprimtari komunal mund t’i shqiptojë edhe mbajtësi i rendit komunal.
(3) Shkelësi, krahas gjobës, është i obliguar që të paguajë edhe shpenzime të parashikuara me vendimin, si dhe kompensim të dëmit.
XI. DISPOZITA KALIMTARE DHE PËRFUNDIMTARE