ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Година: 2018 Број: 14
Датум на издавање: 10/30/2018

Општина: Совет на Град Скопје
Тип:Норми

Наслов: СТАТУТ НА ГРАД СКОПЈЕ (Пречистен текст)
Текст:Врз основа на член 49-б од Статутот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ број 16/05, 8/10, 17/11, 2/12, 18/13, 13/14, 1/15 и 12/15), Комисијата за прописи и административни работи на Советот на Град Скопје, на седницата одржана на 25 септември 2018 година , го утврди пречистениот текст на Статутот на Град Скопје.



Пречистениот текст ги опфаќа Статутот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ број 16/05), Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ број 8/10), Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ број 17/11), Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ број 18/13), Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ број 13/14), Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ број 1/15) и Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ број 12/15) во кои е означено времето на нивното влегување во сила.


Број 27-8304/5
25 септември 2018 година
Скопје
КОМИСИЈА ЗА ПРОПИСИ
И АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
Константин Кратовалиев, с.р.







СТАТУТ НА ГРАД СКОПЈЕ
(Пречистен текст)


I. Општи одредби
Член 1

Град Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, е основан и неговото подрачје е утврдено со Законот за Град Скопје („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/04 и 158/11).
Подрачјето на Град Скопје го сочинуваат подрачјата на општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари, основани со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 55/04).

Член 2

Со Статутот на Град Скопје, во согласност со закон, се уредуваат:
организацијата и работата на органите на Град Скопје;
составот и работењето на комисиите на Советот на Град Скопје;
вршењето на работите согласно со начелото на супсидијарност;
начинот на информирање на граѓаните и слободниот пристап до информации од јавен карактер;
случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот на Град Скопје;
начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на Град Скопје и постапувањето по нив;
начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните;
начинот на објавувањето на прописите на Советот;
начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба;
начинот на извршување на обврските од областа на безбедноста, заштитата и спасувањето во услови на кризни состојби и елементарни непогоди;
начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Град Скопје,
како и други прашања од значење за Град Скопје.



Член 3

Определени прашања поврзани со остварувањето на надлежностите, процедурите за работа и одлучување во Советот на Град Скопје, поблиску се уредуваат со деловник на Советот на Град Скопје (во натамошниот текст: деловник).
Деловникот го донесува Советот на Град Скопје (во натамошниот текст: Совет), со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Член 4

Град Скопје е правно лице со седиште на бул. „Илинден“ бр. 82 Скопје.


Член 5

Град Скопје има печат.
Печатот на Град Скопје има форма на круг со пречник од 32 мм, во чија средина е вцртан грбот на Градот, а околу него во горната половина на кругот на македонски јазик и неговото кирилско писмо е впишан текстот: „Република Македонија - Град Скопје - Скопје“, а на долната половина од кругот на албански јазик и неговото писмо е впишан текстот: „Republika e Maqedonisл - Qyteti i Shkupit - Shkup“.

Член 6

Град Скопје има грб.
Грбот на Град Скопје има форма на штит, на кој горната страна е полулак свртен внатре, левиот и десниот горен агол на штитот го прават две коси линии, додека долните страни се надворешно заоблени лакови што завршуваат со врв по средината на долната оска.
Во просторот на штитот се содржани: Камениот мост со реката Вардар, тврдината Кале и снежните врвови на Шар Планина.

Член 7

Град Скопје има знаме.
Знамето на Град Скопје е црвено, а во неговата лева горна четвртина, до копјето, се наоѓа грбот на Град Скопје, втиснат со жолта боја.
Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.

Член 8

Во Град Скопје покрај службениот македонски јазик и неговото кирилско писмо, службен јазик е и албанскиот јазик и неговото писмо, како јазик и писмо што го користат граѓаните како припадници на заедницата, која со над 20 % учествува во вкупниот број жители на Град Скопје.

Член 9

Град Скопје има свој празник.
Празник на Град Скопје е 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.
Член 10

Во Град Скопје се одбележува Денот на солидарноста, како израз на почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година и благодарност за изразената домашна и меѓународна солидарност за обновата и изградбата на Скопје.

Член 11

Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“.
Наградата се доделува како знак на признание за постигнати остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развој на Град Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот.

Член 12

Наградата може да се доделува на физички и на правни лица од Град Скопје, Републиката и од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации или нивни претставници.

Член 13

За наградата „13 Ноември“, Град Скопје формира одбор на наградата „13 Ноември“.
Работата на одборот поблиску се уредува со одлука на Советот на Град Скопје.
Средства за наградата и за работа на одборот се обезбедуваат од буџетот на Град Скопје и од други извори на приходи.

Член 14

Град Скопје може да востановува други награди и признанија во вид на: плакета, повелба и диплома.
Признанијата од претходниот став им се доделуваат на носители на јавни и општествени функции, граѓани, трговски друштва, јавни установи и јавни служби, како и на државници, членови на меѓународни организации и асоцијации и граѓани од други држави, за особени заслуги за развојот на Градот или како израз на признание за развивање на соработката и пријателските односи.
Член 15

Граѓани на други држави, особено заслужни за зацврстување на мирот и мирољубивата соработка меѓу народите и државите или се особено заслужни во областа на науката, културата и други области на општествениот живот воопшто, а особено ако со нивната работа придонеле за афирмацијата и развојот на Град Скопје и Република Македонија во целина, можат да бидат прогласени за почесни граѓани на Град Скопје.

II. Организација и работење на органите на Град Скопје

1. Совет на Град Скопје
а) Конституирање

Член 16

Конституирањето на Советот се врши со верификација на мандатот на членовите избрани на начин утврден со закон и давање и потпишување на свечената изјава со содржина утврдена со закон.

(став 2 и 3 се бришат)
Член 17

Постапката за верификација на мандатите на членовите на Советот поблиску се уредува со деловникот.

б) Права и должности на членовите на Советот

Член 18

Членот на Советот има права и должности утврдени со закон и со овој статут.
Членот на Советот се стекнува со своите права и должности по верификацијата на мандатот.
На членот на Советот мандатот може да му престане или да му биде одземен под услови утврдени со закон и на начин и постапка уредени со деловникот.

Член 19

Членот на Советот има право и должност:
да предлага претресување на прашања, појави и состојби од надлежност на Град Скопје, како и од значење за граѓаните;
да дава иницијативи за донесување одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
да бара од администрацијата на Град Скопје (во натамошниот текст: градска администрација), како и од јавните служби и од други институции основани од Град Скопје, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
да бара и да добие стручна помош од градската администрација во изработувањето предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето советнички прашања и во вршењето други работи што му ги доверил Советот, односно комисијата во која членува;
да ги чува како тајна податоците што ќе ги дознае на седница на Советот или на неговите комисии, а кои се определени како такви.
да остварува и други права и должности во согласност со Законот за локална самоуправа, Законот за Градот Скопје и другите закони и прописи.


Член 20

Членот на Советот има право да присуствува на седница на комисија на Советот иако не е член на комисијата, како и право да учествува во работата, но без право на одлучување.


Член 21

Членот на Советот, кој од оправдани причини е спречен да присуствува на седница на Советот и на комисија чиј член е, должен е за тоа навремено да ги извести претседателот на Советот и претседателот на комисијата.
Членот на Советот, кој од оправдани причини подолго од 6 (шест) месеци е спречен да присуствува на седници на Советот и на комисија чиј член е, има право да побара од Советот одобрение за отсуствување од седниците.
По барањето од ставот 2 на овој член, Советот одлучува без претрес.


в) Претседател на Советот

Член 22

Претседателот на Советот го избира и го разрешува Советот со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
Предлог за избор и разрешување на претседател на Советот може да даде секој член на Советот.
Изборот и разрешувањето на претседателот на Советот може да се изврши со тајно гласање, доколку за таков предлог на член на Советот одлучи Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
Постапката за избор и разрешување на претседателот на Советот со тајно гласање се уредува со Деловникот.


г) Начин на работа


Член 23

Советот работи на редовни седници, а по потреба може да одржува свечени и вонредни седници.
На седниците на Советот присуствуваат градоначалникот и раководителите на секторите на градската администрација.

Член 24

Денот, часот и местото на одржување на седницата на Советот, како и предлогот на дневниот ред по кој ќе се работи на седницата се објавуваат на огласна табла на Град Скопје.
Претседателот на Советот може да одлучи денот, часот и местото на одржување на седницата на Советот, како и предлогот на дневниот ред да се објават во средствата за јавно информирање.



Член 25

Советот одржува свечени седници за одбележување на значајни историски настани, а може да одржува свечени седници и за ислушување говори на домашни и странски државници, претставници на меѓународни организации и истакнати граѓани на странски држави како гости на Град Скопје.

Член 26

Вонредна седница се свикува за прашања од итен карактер за функционирањето на Град Скопје (прашања што налагаат неодложно разгледување, прашања од значење за безбедноста и заштитата, спасувањето на граѓаните, во случаи на вонредни околности и сл.).
Вонредна седница на Советот свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива или по барање на најмалку 1/3 од членовите на Советот или по предлог на градоначалникот.
Поканата за вонредна седница заедно со предлогот на дневен ред на членовите на Советот им се доставува на најбрз можен начин.
Пред започнувањето со работа на седницата, членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување вонредна седница, без претрес, со мнозинство од присутните членови на Советот.


Член 27

Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Советот, со седницата претседава најстариот член на Советот.


Член 28 (се брише)



Член 29

Свикувањето на седниците на Советот, утврдувањето на дневниот ред, текот на седницата, записниците, постапката за донесување акти и други прашања поврзани со работата на Советот, поблиску се уредуваат со деловникот.

2. Градоначалник на Град Скопје

Член 30

Градоначалникот ги врши своите надлежностите во рамките утврдени со закон и со овој статут.



Член 31

Градоначалникот присуствува и учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на комисиите на Советот и посебните тела на Град Скопје, без право на одлучување.
Градоначалникот може да определи свои претставници што ќе присуствуваат и ќе учествуваат во работата на седниците на Советот, неговите комисии и посебните тела на Град Скопје.

Член 32

Градоначалникот, најмалку еднаш годишно, по потреба, по сопствена иницијатива или по барање на Советот, го известува Советот за извршување поодделни работи од негова надлежност.

Член 33

Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Градот.
Градоначалникот управува со сопственоста на Град Скопје во јавен интерес и како добар домаќин.
Градоначалникот е должен, во управувањето со сопственоста на Град Скопје, да презема мерки и да го обезбедува користењето, одржувањето и заштитата на сопственоста на Градот, во согласност со закон.

Член 34

Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Град Скопје во рамките на Координативното тело на градоначалници, за прашања определени со закон.

Член 35

Градоначалникот со решение определува член на Советот што ќе го заменува за време на спреченост или отсуство.
Решението од став 1 на овој член градоначалникот го донесува во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата.
Решението од став 1 на овој член се објавува во „Службен гласник на Град Скопје“.
За настапувањето на спреченоста или отсуството, градоначалникот го известува претседателот на Советот и членот на Советот што ќе го заменува.


3. Посебни тела на Град Скопје

а) Комисија за односи меѓу заедниците
Член 36

Во Град Скопје се формира Комисија за односи меѓу заедниците (во натамошниот текст: Комисија).
Комисијата ја сочинуваат по 1 (еден) претставник на заедниците што се застапени во Град Скопје, со мандат од 4 (четири) години.
Членовите на Комисијата не може да се избираат од редот на членовите на Советот.


Член 37

Одлука за формирање на Комисијата донесува Советот, по предлог на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки.
Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки го составува предлогот од став 1 на овој член по претходно добиени предлози на членови на Советот и политичките партии застапени во Советот.


Член 38

Комисијата од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Комисијата, со јавно гласање.


Член 39

Комисијата работи на седници.
Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на Комисијата.
Комисијата може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Комисијата.
Комисијата одлучува со мнозинството од вкупниот број членови на Комисијата.
На седниците на Комисијата може да присуствуваат и да учествуваат во работата градоначалникот на Град Скопје и претседателот на Советот, без право на одлучување.


б) Совет за заштита на потрошувачите




Член 40

Во Град Скопје се формира Совет за заштита на потрошувачите.
Советот за заштита на потрошувачите е составен од 10 члена.
Членовите на Советот за заштита на потрошувачите се избираат од редот на членовите на Советот на Град Скопје, здруженијата на потрошувачи и
од други здруженија на граѓани, јавните претпријатија, стопанските комори и од државните органи на инспекцискиот надзор што имаат надлежности поврзани со заштитата на потрошувачите.
Мандатот на членовите на Советот за заштита на потрошувачите е 4 години.

Став 3 се брише.

Член 41

Одлука за формирање Совет за заштита на потрошувачите донесува Советот на Град Скопје, по предлог на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки.
Комисија за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки го составува предлогот од став 1 на овој член по претходно добиени предлози на членови на Советот и на облиците на месна самоуправа во општините во Град Скопје.

Член 42

Советот за заштита на потрошувачите од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите, со јавно гласање.


Член 43

Советот за заштита на потрошувачите работи на седници.
Седниците по правило се јавни.
Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на Советот за заштита на потрошувачите.
Советот за заштита на потрошувачите може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите.
Советот за заштита на потрошувачите одлучува со мнозинството од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите.
На седниците на Советот за заштита на потрошувачите можат да присуствуваат и да учествуваат во работата градоначалникот и претседателот на Советот, без право на одлучување.

Член 44

Советот за заштита на потрошувачите разгледува прашања и утврдува предлози што се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби на Град Скопје, а особено:

ја следи состојбата на давањето услуги од јавните служби;
се грижи за решавање на проблемите што ги имаат граѓаните при користење на услугите од претпријатијата и установите што вршат јавни услуги;
се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги кон корисниците на услугите;
организира јавни трибини и други форми на учество на граѓаните на кои ќе се расправа за унапредување на заштитата на потрошувачите.


Поднасловот в) Партиципативно тело од областа на урбанизмот и членовите 45, 46, 47 и 48 се бришат.


г) Комисија за унапредување на правата на пациентите


Член 48-а


Во Град Скопје се формира Комисија за унапредување на правата на пациентите.
Комисијата за унапредување на правата на пациентите се состои од девет члена, и тоа: претставници на пациентите, членови на здруженијата на пациентите, двајца претставници од невладините организации што се занимаваат со човековите права и граѓанските иницијативи, двајца лекари од општините и тројца членови на Советот на Град Скопје.
Членовите на Комисијата не смеат да бидат вработени во здравствените установи во кои се укажува здравствена заштита.
Мандатот на членовите на комисијата е 2 години, со право на уште еден последователен избор.

Член 48-б

Одлука за формирање Комисија за унапредување на правата на пациентите донесува Советот, по предлог на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки.
Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки го составува предлогот од став 1 на овој член по претходно добиени предлози на членовите на Советот, здруженијата на пациенти, невладините организации што се занимаваат со човековите права и граѓанските иницијативи.

Член 48-в

Комисијата за унапредување на правата на пациентите од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Комисијата, со јавно гласање.


Член 48-г

Комисијата за унапредување на правата на пациентите работи на седници.
Седниците по правило се јавни.
Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на Комисијата.
Комисијата може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Комисијата.
Комисијата за унапредување на правата на пациентите одлучува со мнозинството од присутните членови на Комисијата.

Член 48-д

Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје разгледува прашања и утврдува предлози што се однесуваат на правата на пациентите на подрачјето на Град Скопје, согласно со надлежностите на Град Скопје, утврдени со прописите од областа на локалната самоуправа, а особено:
д) Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Член 48-ѓ

Во Град Скопје се формира Комисија за еднакви можности на жените и мажите (во натамошниот текст: Комисија).
Комисијата се состои од 5 члена избрани од редот на членовите на Советот на Град Скопје.
Мандатот на членовите на Комисијата е 4 години, односно додека трае мандатот на членовите на Советот на Град Скопје од чиј состав е извршен изборот.
Член 48-е

Одлука за формирање на Комисијата донесува Советот на Град Скопје, по предлог на Комисијата за верификација, мандатни прашања, за признанија, претставки и поплаки.
Член 48-ж

Комисијата избира претседател од редот на своите членови со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Комисијата, со јавно гласање.

Член 48-з

Комисијата работи на седници.
Седниците по правило се јавни.
Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на Комисијата.
Комисијата може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Комисијата.
Комисијата одлучува со мнозинство од присутните членови на Комисијата.
Член 48-ѕ

Комисијата разгледува прашања и утврдува предлози што се однесуваат на еднаквите можности и недискриминацијата на жените и мажите на подрачјето на Град Скопје, согласно со надлежностите на Град Скопје, утврдени со прописите од областа на локалната самоуправа, а особено:
ѓ) Совет на млади


Член 48-и

Во Град Скопје се формира Совет на млади (во натамошниот текст: Совет на млади), како советодавно тело на Град Скопје, заради поттикнување и овозможување активно вклучување на младите во јавниот живот на Град Скопје.
Млади се жители на Град Скопје на возраст од 15 до 30 години.

Член 48-ј

Советот на млади ги врши следнитве работи:

Член 48-к

Советот на млади брои 9 члена.
Советот на млади се состои од: 5 претставици од невладини организации и здруженија на млади и други регистрирани облици на организирање на младите, 2 претставници од ученички совети и 2 претставници од студентски совети .
Одлука за формирање Совет на млади донесува Советот на Град Скопје по предлог на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки.
Советот на млади од своите редови избира претседател и заменик, согласно со деловникот за работа на Советот на млади.


Член 48-л

Членовите на Советот на млади се избираат на две години.
Советот на Град Скопје може да разреши член на Советот на млади и пред истекот на мадатот по лично барање, ако наврши 30 години живот, ако отсуствува од седниците на Советот на млади, неоправдано трипати едноподруго, и ако со правосилна судска пресуда е осуден на безусловна казна затвор во траење подолго од шест месеци.


Член 48-љ

Советот на млади одржува редовни седници по потреба, но најмалку еднаш во два месеца.
Седниците ги свикува и со нив заседава преседателот на Советот на млади.
Преседателот на Советот е должен да свика вонредна седница на Советот на млади по предлог на најмалку 1/3 од членовите на Советот на млади.
Советот на млади ги донесува одлуките со мнозинството гласови ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупно избраните членови на Советот на млади.
Начинот на работа на Советот на млади поблиску се утврдува со деловник за работа на Советот на млади.
Советот на млади може да формира постојни и повремени работни тела за потесни кругови на дејствување, за организирање форуми, трибини и работилници за одделни возрасни групи на млади или за проблеми што ги загрижуваат младите.


Член 48-м

Советот на млади донесува програма за работа најдоцна до 30 ноември во тековната година, за наредната година, и ја доставува до Советот на Град Скопје за согласност.
Програмата содржи активности особено насочени кон: Програмата содржи и други активности значајни за работата на Советот за млади и подобрување на положбата на младите.
Програмата за работа на Советот на млади се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот на младите.


III. Организација и работење на комисиите на Советот на Град Скопје

1. Комисии на Советот

Член 49

Советот ги формира следниве постојани комисии:


Член 49-а

Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки: Претседателот на Комисијата е од листата што има најголем број мандати за членови на Советот, избрани на непосредните избори.
Член 49-б

Комисијата за прописи и административни работи:
Член 49-в

Комисијата за статут и деловник:
Претседател на Комисијата по функција е претседателот на Советот на Град Скопје.

Во работата на Комисијата учествува и градоначалникот.
Член 49-г

Комисијата за буџет:
Член 49-д

Комисијата за урбанизам и сообраќај:
Член 49-ѓ

Комисијата за комунални работи:

Член 49-е

Комисијата за именување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти:
Член 49-ж

Комисијата за култура:
Член 49-з

Комисијата за спорт и млади:
Член 49-s

Комисијата за локален економски развој:


Член 49-и

Комисијата за социјална и здравствена заштита и заштита на децата:
Член 49-ј

Комисијата за образование:



Член 49-к

Комисијата за безбедност, заштита и спасување:
Член 49-л

Комисијата за меѓународна соработка:
Член 49-љ (се брише)
Член 49-м

Комисијата за односи и соработка со општините и со здруженијата и фондациите:



Член 49-н

Комисија за заштита на животната средина и природата:

2. Избор и начин на работа на комисиите
Член 50

Изборот на претседател и членови на комисијата на Советот се врши по предлог на членовите на Советот, при што се води сметка за примена на принципот на пропорционалната застапеност на политичките партии застапени во Советот, имајќи го предвид вкупниот број на комисиите на Советот.
Изборот на претседател и членови на комисија се врши со мнозинство од присутните членови на Советот.

Член 50-а

Претседателот на комисијата:

ја организира работата на комисијата;
дава иницијатива за претресување на определени прашања од делокругот на комисијата;
се грижи за известување на членовите на комисијата и на Советот за проблемите од делокругот на комисијата;
ги свикува седниците на комисијата и раководи со нивната работа;
го предлага дневниот ред на седниците;
ги формулира заклучоците на комисијата и се грижи за нивното спроведување,
по потреба ги изнесува ставовите на комисијата на седниците на Советот, и
врши и други работи што се определени со овој статут.

Во случај на спреченост или отсутност, претседателот го заменува членот на комисијата кого ќе го определат членовите на комисијата.

Член 51

Избор заради промена на одделен член на комисија се врши по предлог на член на Советот, при што со предлогот не смее да се наруши принципот на пропорционална застапеност на политичките партии во Советот во комисиите на Советот.

Член 52

Предлог за разрешување на претседателот и на членовите на комисија може да даде секој член на Советот.
За предлогот за разрешување одлучува Советот со јавно гласање, со мнозинство од присутните членови на Советот.


Член 52-а (се брише)



Член 53

Комисиите работат на седници.
Претседателот на комисијата е должен да свика седница ако тоа го бара претседателот на Советот или ако тоа го бараат најмалку тројца членови на комисијата, наведувајќи го прашањето што треба да се стави на дневен ред на седница.
Ако претседателот на комисијата не свика седница кога е должен да го стори тоа, седницата може да ја свика претседателот на Советот.
Ако по барање на најмалку тројца членови на комисијата седница не свика ниту претседателот на комисијата ниту претседателот на Советот, седницата можат да ја свикаат членовите на комисијата што го барале тоа.

Член 53-а

Комисиите разгледуваат прашања од својот делокруг по сопствена иницијатива, а се должни да го разгледаат секое прашање од својот делокруг, чие разгледување ќе го побара претседателот на Советот и градоначалникот.
Иницијатива за внесување одделни прашања во предлогот на дневниот ред на седницата на комисијата можат да дадат членови на советот, други комисии на Советот, како и јавните служби основани од Град Скопје.

Член 53-б

Поканата за седница со предлогот на дневниот ред и материјалите што ќе се разгледуваат на седницата, претседателот на комисијата им ги доставува на членовите на комисијата најдоцна 3 дена пред денот на одржувањето на седницата.
По исклучок, претседателот може да свика седница и во покус рок.
Претседателот на комисијата за свиканата седница ги известува предлагачите на материјалите што ќе ги претресува комисијата, со цел да определат претставници за присуство на седницата.

Член 53-в

Дневниот ред на седниците на комисиите се утврдува на почетокот на седницата.
Претресот за прашањата што се на дневен ред на седницата на комисијата може да заврши со прост премин на наредната точка од дневниот ред или со донесување заклучок, за што на Советот може да му поднесе извештај.


Член 53-г
Комисијата може да му предложи на Советот да го одложи претресувањето на одделно прашање што го разгледувала комисијата, а кое е содржано во предлогот на дневниот ред за седницата на Советот.


Член 53-д

Записниците и извештаите од седницата на комисијата ги потпишува претседателот на комисијата.
Извештаите на комисијата се доставуваат до Советот пред почетокот на седницата.

Член 54

Комисиите можат да работат ако на седницата присуствуваат мнозинството членови на комисијата.
Комисиите одлучуваат со мнозинство гласови на присутните членови.

Член 55

Кога ќе одлучат да му поднесат извештај или предлог на Советот, комисиите определуваат свој известител, кој по налог на комисијата, по сопствена иницијатива или по барање на Советот, на седницата на Советот ќе го образложи ставот или предлогот на комисијата.


Член 56

На седницата на комисиите присуствува претставник на предлагачот.
Претставникот на предлагачот има право на седницата на комисијата да учествува во разгледувањето на поднесениот предлог, да дава образложенија и појаснувања на предлогот, да предлага негови измени, исправки и дополнувања, да се изјаснува за предложените измени и дополнувања од страна на членовите на комисијата, да бара одлагање на разгледувањето, односно во името на предлагачот да го повлече од натамошна постапка поднесениот предлог.

Член 57

Комисиите имаат право да бараат од предлагачот известување, појаснување, како и други податоци што се потребни за работа, а со кои предлагачот располага или е должен да ги собира и да ги евидентира.
Член 58

Комисиите може на своите седници да поканат претставници на органи, организации, заедници и здруженија, како и научни, стручни и јавни работници заради изнесување на нивни мислења за прашањата што се разгледуваат на седница на комисијата.
Поканата до лицата од став 1 на овој член, ја доставува претседателот по претходна консултација со членовите на комисијата.


Член 58-а

Комисиите за прашањата од својата надлежност даваат иницијативи, мислења и предлози до Советот на Град Скопје.

IV. Вршење работи според начелото на супсидијарност

Член 59

Град Скопје, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, има право на своето подрачје да врши работи од јавен интерес од значење за Град Скопје, што не се исклучени од негова надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.
Определувањето на работите од став 1 на овој член, дефинирањето на нивната содржина, начинот и постапката на нивното вршење се уредуваат со посебни одлуки на Советот.

V. Информирање на граѓаните и слободен пристап до информации од јавен карактер

а) Информирање на граѓаните

Член 60

Органите на Град Скопје, комисиите на Советот на Град Скопје и јавните служби основани од Град Скопје ги информираат граѓаните за одлуките и своите активности што се од непосредно значење за животот и работата на граѓаните во Градот и за други информации од јавен интерес.

Граѓаните се информираат за:
прописите што ги донесува Советот на Град Скопје;
начинот и условите за остварување на нивните права;
обврските на граѓаните што произлегуваат од надлежност на Град Скопје;
плановите, проектите и програмите што се во подготовка, а се од значење за развојот на Град Скопје;
услугите што ги добиваат од јавните служби и градската администрација и начинот на нивното добивање;
приходите што се остваруваат во Град Скопје и начинот на нивна распределба и трошење;
јавните набавки;
именувањето директори и претставници во управните одбори на јавните претпријатија и установи;
други информации што произлегуваат од надлежноста на органите на Град Скопје и на јавните служби основани од Град Скопје, во согласност со закон.
Член 61

Информирањето на граѓаните се врши редовно, без надоместок, преку:
издавање службен гласник на Град Скопје;
издавање и дистрибуција до граѓаните на месечни информативни билтени;
објавување публикации;
информативни канцеларии водени од градската администрација и јавните служби основани од Град Скопје;
огласни табли (простории на органите на Град Скопје, јавните служби основани од Град Скопје, меснaта самоуправа);
веб-сајт портал;
јавни трибини;
средствата за јавно информирање и
на друг соодветен начин што е најповолен за информирање на јавноста.


Член 62

Информирањето на граѓаните се врши на службените јазици што се користат во Град Скопје.

Советот на Град Скопје со посебна одлука може да утврди за одредени информации да се информира и на јазикот што не е службен јазик во Град Скопје, а го зборуваат дел од жителите на Градот.

б) Слободен пристап до информациите од јавен карактер

Член 63

Во Град Скопје се обезбедува правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располагаат органите на Град Скопје (Советот и градоначалникот), јавните служби основани од Град Скопје и правни и физички лица што вршат јавни овластувања доверени од Град Скопје.
По исклучок, во случаи утврдени со закон, правото на слободен пристап до некои информации со кои располагаат имателите на информации од став 1 на овој член може да биде ограничен или да се обезбеди делумен пристап.
Член 64

За информации со кои располагаат и до кои се обезбедува слободен пристап, имателите на информации востановуваат и водат листа на информации што се објавува на начин што е достапен за барателите на информации.
За листата на информации и условите и начинот на слободен пристап до информациите, граѓаните се известуваат преку огласна табла или на друг погоден начин.
Имателите на информации се должни редовно на секои три месеци да ја ажурираат листата на информации од јавен карактер со кои располагаат.
Листата на информации од јавен карактер за органите на Град Скопје ја предлага градоначалникот, а ја утврдува Советот.
Листата на информации од јавен карактер за јавните служби основани од Град Скопје ја утврдува управниот одбор по предлог на директорот.

Член 65

Постапката за остварување на правото на слободен пристап до информации се остварува во согласност со закон.
Градоначалникот на Град Скопје создава услови и презема мерки пропишани со закон, за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат Советот на Град Скопје и градската администрација.
Директорот на јавните служби основани од Град Скопје создава услови и презема мерки пропишани со закон за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат согласно со статутот на претпријатието и установата.

Член 66

Слoбоден пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат имателите на информации имаат сите правни и физички лица (во натамошниот текст: барател на информацијата).
Слободниот пристап до информации се остварува во законски утврдениот рок:
со увид во документите со кои располага имателот на информацијата;
со добивање препис, фотокопија или електронски запис од документите со кои располага имателот на информацијата.
Имателот на информацијата за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информациите определува службено лице.


Член 67

Барателот на информацијата за извршениот увид или добиениот препис, фотокопија од електронски запис на информацијата, плаќа соодветен надоместок во висина на материјалните трошоци, утврдени на начин уреден со закон.
Барателот на информацијата при поднесувањето на барањето се известува за плаќањето и висината на соодветниот надоместок.

Член 68

Барателот на информација има право на жалба до надлежниот орган за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер доколку имателот на информацијата не ја достави бараната информација.

Член 69

Советот на Град Скопје усвојува годишен извештај за остварувањето на правото на слободен пристап до информациите во изминатата година во Град Скопје.
Годишниот извештај за остварувањето на слободен пристап до информации го подготвува градоначалникот на Град Скопје и го доставува до Советот најдоцна до 31 јануари во тековната година.
Извештајот од став 1 на овој член ги содржи и податоците за остварениот слободен пристап до информациите со кои располагаат и јавните служби што ги формира Град Скопје.
Извештајот од ставот 1, по усвојувањето се доставува до надлежниот орган за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

VI. Исклучување на јавноста од седниците на Советот

Член 70

Советот може да работи без присуство на јавноста во случаи кога расправа за материјали на кои е истакната ознака за тајност, како и за прашања за кои тоа ќе го предложат претседателот на Советот, градоначалникот или најмалку 10 (десет) члена на Советот.
По предлогот од став 1 на овој член, Советот одлучува без претрес, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.


VII. Претставки и предлози
Член 71

Физичките и правните лица имаат право да поднесуваат претставки и предлози што се однесуваат на работата на органите на Град Скопје и градската администрација.


Член 72

Претставките и предлозите се поднесуваат во писмена форма или усно на записник пред овластено лице во градската администрација.
За претставките и предлозите не се плаќа такса.

Член 73
Подносителот не смее да трпи штетни последици поради поднесувањето претставка или предлог, ниту поради тоа може да биде повикан на одговорност.

Член 74

Градоначалникот, во зависност од содржината на претставката, односно предлогот, овластува еден или повеќе службеници да постапат по претставката, односно предлогот.
Претставката што се однесува на прашање во врска со работата на Советот, се доставува до претседателот на Советот.
Постапувањето по претставката, односно предлогот, опфаќа прибирање податоци, известувања и мислења за околностите што се од значење за правилно оценување на основаноста на претставката или за оправданоста на предлогот, како и преземање на потребни мерки за отстранување на евентуална повреда на правото на подносителот или повреда на јавен интерес.

Член 75

Градоначалникот е должен во што е можно покус рок, а најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на претставката, односно предлогот, на подносителот да му достави одговор.

VIII. Јавни трибини, анкети и предлози од граѓаните

Член 76

Органите на Град Скопје, заради утврдување политика во определена област, преземање мерки за решавање прашања и проблеми од значење за граѓаните од подрачјето на Град Скопје и за Град Скопје, како и при предлагање на одредени акти од своја надлежност може да организираат јавна трибина, да спроведат анкета или да прибираат предлози од граѓаните.
Видот, постапката, начинот и времето на организирање на формите на непосредно учество на граѓаните од став 1 на овој член се уредува со акт на органот што ја организира.
За организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните се објавувава соопштение во средствата за јавно информирање, во кое се назначува видот, целта, предметот и други податоци важни за организирање на соодветната форма на непосредно учество на граѓаните и се повикуваат заинтересираните за нивно учество.
Организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните, може да се врши во соработка со општините од подрачјето на Град Скопје и со облиците на месна самоуправа.
За јавната трибина, анкетата или предлозите на граѓаните се изготвува извештај.


Член 77

При организирање јавна трибина, спроведување анкета и прибирање предлози од граѓаните ќе се обезбеди:

објавување на дефинирано прашање, текст на документ или нацрт на одлука и друг општ акт во дневните весници или како посебен сепарат за да им бидат достапни на граѓаните и на други заинтересирани субјекти;
собирање и разгледување на мислењата и предлозите што биле изнесени и
изготвување извештај.

Член 78

Начинот и постапката на организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните се уредува со Деловникот.


IX. Извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба

Член 79

Во воена состојба, органите на Град Скопје:
продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со закон и
преземаат мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на своето подрачје од воени разурнувања и од последиците предизвикани од нив.
Град Скопје се подготвува за извршување на обврските од став 1 на овој член преку:
планирање и организирање на мерките за заштита и спасување од воени разурнувања за свои потреби преку Градскиот штаб за заштита и спасување, во согласност со закон и прописи засновани врз закон;
обучување за одбрана, односно вклучување во активности за стекнување на неопходни воено-стручни и други знаења за учество во одбраната;
преземање мерки, активности и постапки за заштита и чување на тајноста на податоците, информациите и документите од областа на одбраната, во согласност со закон и прописи засновани врз закон;
координација и соработка со општините во Град Скопје.


Х. Начин на извршување на обврските од областа на безбедноста, заштитата и спасувањето во услови на кризна состоја и елементарни непогоди

Член 80

Во услови на кризна состојба и елементарни непогоди органите на Град Скопје:
продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со закон;
утврдуваат потреби и планираат ресурси за елиминирање на криза;
преземаат мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на своето подрачје од природни непогоди, епидемии, епизотии, епифитотии и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
Град Скопје се подготувуа за извршување на обврските од став 1 на овој член преку :
планирање и организирање мерки за заштита, спасување и управување со кризата за свои потреби преку Градскиот штаб за заштита, спасување и управување со кризи и просторните формации за заштита и спасување, во согласност со закон и прописи засновани врз закон,
обезбедување координација во Град Скопје и општините на учесниците на системот за управување со криза.

XI. Начин на објавување на прописите на Советот


Член 81

Прописите на Советот се објавуваат во службеното гласило на Град Скопје, пред да влезат во сила.
Службено гласило на Град Скопје е „Службен гласник на Град Скопје“.
Став 3 се брише.
Член 82

Прописите на Советот на Град Скопје влегуваат во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Град Скопје“, освен прописите, кои согласно со закон влегуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето.

XII. Начин и постапка за утврдување на грбот и знамето на Град Скопје

Член 83

Иницијатива за изменување на грбот и знамето на Град Скопје можат да дадат политичките партии застапени во Советот.
Советот, постапувајќи по иницијативата од став 1 на овој член, може со одлука да ја утврди оправданоста од изменување на грбот и знамето на Град, како и да се пристапи кон започнување постапка за нивно изменување.
Одлуката од став 2 на овој член Советот ја донесува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на Советот што припаѓаат на заедници што не се мнозинско население во Градот.
Во случај на неприфаќање на иницијативата од став 1 на овој член, нова иницијатива за изменување на грбот и знамето на Градот не може да се поднесе пред истекување на време од 1 (една) година од денот на одржувањето на седницата на Советот на која не е прифатена иницијативата.


Член 84

За изменување на грбот и знамето на Град Скопје, Советот распишува конкурс за идејно решение и формира комисија.

Член 85

Комисијата од пристигнатите трудови по објавениот конкурс утврдува предлог за грб, односно знаме и го доставува до Советот на усвојување.

Член 86

Советот одлучува по предлогот на комисијата со мнозинство гласови од став 3 на член 83 од овој Статут.
XIII. Изменување и дополнување на Статутот

Член 87

Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на Град Скопје може да поднесе член на Советот, комисија на Советот и други субјекти.
За иницијативата за изменување и дополнување на Статутот одлучува Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.



Член 88

По прифаќањето на иницијативата за изменување и дополнување на Статутот, градоначалникот изготвува предлог на статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот.


XIV. Преодни и завршни одредби


Член 89

Имателите на информации од членот 63 став 1 на овој статут се должни во рок од шест месеци од денот на донесувањето на овој статут да ја донесат и објават листата на информации од членот 64 на овој статут.


Член 90

Градоначалникот на Град во рок од три месеци од денот на донесувањето на овој статут, согласно со актот за организација на градската администрација, ќе распореди државен службеник од градската администрација што ќе ги извршува работите на посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Precisten tekst 2018 - ALB.pdfPrecisten tekst 2018 - ALB.pdf