ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Година: 2022 Број: 14
Датум на издавање: 11/17/2022

Општина: Совет на Град Скопје
Тип:Норми

Наслов: СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА ГРАД СКОПЈЕ, СО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПЕРИОДОТ 2022-2025 ГОДИНА

Текст:Врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” број 05/02) и член 10 став 1 точка 3 алинеја 4 од Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија” број 55/04 и 158/11), Советот на Град Скопје, на продолжението на дваесеттата седница одржано на 15 ноември 2022 година, донесе
СТРАТЕГИЈА
ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
И ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА ГРАД СКОПЈЕ,
СО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПЕРИОДОТ 2022-2025 ГОДИНА

ВОВЕД

Според Светска Банка, малите и средните претпријатија (МСП) играат голема улога во повеќето економии, особено во земјите во развој. МСП претставуваат најголем дел од бизнисите ширум светот и се важни генератори за создавање работни места и придонесуваат за глобалниот економски развој. Тие претставуваат околу 90% од бизнисите и повеќе од 50% од вработеноста ширум светот. Формалните мали и средни претпријатија придонесуваат до 40% од националниот доход (БДП) во економиите во развој. Овие бројки се значително повисоки кога се вклучени неформалните МСП.

Според оценките на Светска Банка до 2030 година ќе бидат потребни 600 милиони работни места за да се апсорбира растечката глобална работна сила, што го прави развојот на малите и средните претпријатија висок приоритет за многу влади ширум светот. На пазарите во развој, повеќето формални работни места се генерирани од МСП, кои создаваат седум од 10 работни места. Сепак, пристапот до финансии е клучното ограничување за растот на малите и средните претпријатија, тоа е втората најцитирана пречка со која се соочуваат МСП да ги развијат своите бизниси на пазарите во развој и земјите во развој.

Во Република Северна Македонија, 99% од вкупниот број на активни деловни субјекти се микро, мали и средни претпријатија, додека на ниво на Град Скопје овој процент изнесува 98,56%. Во РСМ има добра бизнис клима.Според Извештајот на Дуинг бизнис 2020 на Светска Банка, РСМ е рангирана на 17 место според леснотијата на водење бизнис од вкупно 190 земји, во 2019 била рангирана на 10 место а во 2018 година била рангирана на 11 место.Според Глобалниот извештај за конкурентност 2019 издаден од страна на Светски економски форум (WEF), РСМ според рангирањето за глобален индекс на конкурентност се наоѓа на 82 место од вкупно 141 земја.Според Индексот на економски слободи, кој го објавува Фондацијата Херитиџ(„The Heritage Foundation“), РСМ е рангирана на 46 место од вкупно 178 земји.

Согласно Законот за Град Скопје, во надлежност на градот е локалниот економски развој. Како една надлежност во рамките на оваа област е утврдување стратегија и давање поддршка на развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото. Согласно обврската која произлегува од надлежностите на Град Скопје, Секторот за локален економски развој по пат на јавен оглас ја избра компанијата Таргет Комуникации ДООЕЛ Скопје за изработка на стратегија за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје со акционен план за период 2022-2025 година.


Според потребните сегменти кои треба да ги опфати оваа стратегија за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје, со акционен план за периодот 2022-2025 година, тимот на Таргет Комуникации ја подели оваа методологија во осум основни фази:

Прва Фаза

Првата фаза започна со воведна консултативна средба со претставници од Град Скопје. На истата беа дефинирани сите засегнати страни кои ќе бидат вклучени во изработката на стратегијата и се дефинира динамика. По завршување на средбата тимот на Таргет Комуникации пристапи кон дефинирање на концептот и методологијата за изработка на стратегија за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје, со акционен план за периодот 2022-2025 година, како и изработка на временска рамка. Истите беа пратени до Град Скопје на одобрување.

Втора фаза

Во втората фаза е предвидена ревизија на претходната стратегија за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје, со акционен план за периодот 2022-2025 година. За таа цел е предвидено да се направи интервјуа со релевантни претставници од Град Скопје со претходно подготвен прашалник. По направените интервјуа ќе се направи анализа на степенот на реализација на стратегијата, детален преглед на сите планирани и остварени проекти, како и планирани и реализирани средства. По целосно извршена ревизија и анализа ќе бидат дадени коментари и заклучоци.

Трета фаза

Во третата фаза беше опфатена анализа на постојната состојба во областа на претприемништво и мали и средни претпријатија во Град Скопје. При процесот на анализите се применуваат класичните научни методи (анализа, синтеза, индукција, дедукција и сл.) и релевантни специфични методи за поодделните анализи согласно потребите. За изработка на анализите се користеа официјални податоци, анализи, студии и стратешки документи подготвени од надлежни институции.

Четврта фаза

Во четвртата фаза беше анализирана законската регулатива. Исто така беше направена анализа на постоечките локални, регионални, национални релевантни стратешки документи.

Петта фаза

Во оваа фаза следеше анализа на сите фактори кои ја сочинуваат внатрешната околина на учесниците во секторот мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје (SWOT анализа). Овде ќе бидат истакнати сите силни и слаби страни на секторот мали и средни претпријатија од аспект на развој, можностите кои треба да се искористат како и заканите од други надворешни фактори. SWOT анализата ќе овозможи обезбедување на развој на малите и средни претпријатија и претприемништвото на Град Скопје, со цел успешно спроведување на стратешките цели и приоритети. Исто така ќе биде изготвена и PEST анализа со цел утврдување на надворешните фактори на влијание.

Шеста фаза

Во шестата фаза беше планирано да се одржи семинар за дефинирање на визијата, мисијата и стратешките цели, како и дефинирање и разработка на проектите, согласно стратешките приоритети. Поради пандемијата Ковид 19, Град Скопје одлучи да нема работилница и наместо тоа електронски да бидат консултирани засегнатите страни. На засегнатите страни електронски им беше пратено драфт верзија со цел да имаат можност да ги погледнат предлозите и да се вклучат во SWOT анализата со нивни предлози односно да ги посочат силните и слабите страни, како од своја лична перспектива, така и од перспективата на граѓаните, компаниите, студентите, посетителите, туристите, дипломатите и други засегнати страни. Засегнатите страни по електронски пат беа повикани да дадат свои предлози и идеи за проекти и активности.

Седма фаза

Во седмата фаза од концептот за изработка на стратегија за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје, со акционен план за периодот 2022-2025 година, се премине на пишување на еден драфт стратешки документ, во кој беа дефинирани среднорочните цели, приоритети и активности согласно целите за одржлив развој од Обединетите Нации и Европската Унија. Драфт верзијата беше доставена до Град Скопјеза нивни коментари, сугестии и забелешки.

Осма фаза

Во осмата, односно последната фаза се опфати финализацијата на стратегија за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје, со акционен план за периодот 2022-2025 година. Во оваа фаза беа вградени сите коментари, сугестии и забелешки дадени од претставници на Град Скопје. Откако беше финализирана, и одобрена од Град Скопје, истата беше лекторирана и преведена на албански јазик. На крај беше изработен дизајн и беше испечатена во пет печатени примероци со тврд повез.


Стратегијата за мали и средни претпријатија на Град Скопје со акционен план за период 2022-2025 е усогласена со следните европски стратегиски документи:
Стратегија за мали и средни претпријатија за одржлива и дигитална Европа 2020-Стратегијата предлага активности засновани на следните три столба:Градење капацитети и поддршка за транзиција кон одржливост идигитализација;Намалување на регулаторниот товар и подобрување на пристапот до пазарот; Подобрување на пристапот до финансирање.Стратегијата има за цел значително да го зголеми бројот на мали и средни претпријатија кои се занимаваат со одржливо деловни практики како и бројот на мали и средни претпријатија кои користат дигитални технологии. Крајна цел е Европа да стане најатрактивното место за започнување мал бизнис,за негово растење и зголемување на единствениот пазар.
Агендата за одржлив развој 2030 - претставува повик за трансформативно дејствување од страна на сите земји со цел постигнување мир и просперитет за сите луѓе и заштита на планетата. Усвоена од сите земји- членки на ОН во септември 2015 година, Агендата 2030 идентификува 17 меѓусебно поврзани цели за одржлив развој, на коишто беа додадени 169 конкретни цели (таргети) и 232 индикатори. Целите за одржлив развој (ЦОР) се осврнуваат на глобалните предизвици поврзани со сиромаштијата, родовата нерамноправност, климата, деградацијата на животната средина, неправдата и насилството.
Стратегијата за економски раст - Европа 2020 - која ги опфаќа целите и водечките иницијативи за иден економски регионален развој. Стратегијата ги опфаќа како краткорочните предизвици поврзани со кризата, така и потребата од структурни реформи што би се спровеле преку примена на мерки за зголемување на растот, кој, пак, е неопходен да се подготви европската економија за во иднина.ЕУ во оваа стратегија утврди пет амбициозни цели и тоа за: вработување,иновации, образование, социјална вклученост и клима/енергија – кои требаше да се остварат заклучно со 2020година.
Актот за малите претпријатија на ЕУ (АМП 2011 г.)- претставува сеопфатнарамка за политиката за МСП на ЕУ. Тој има за цел да го подобри приодот кон претприемништвото во Европа, да го поедностави окружувањето на регулативитеи политиките за МСП и да ги отстрани преостанатите пречки за нивниот развој.АМП, што се надоврзува на Европската повелба за мали претпријатија(2000г.), ги утврдува следниве приоритети:унапредување на претприемништвото,намалување на регулаторното оптоварување, подобрување на пристапот дофинансии и подобрување на пристапот на МСП до пазарите иинтернационализација.
Стратегија за Југоисточна Европа 2020 (ЈИЕ 2020)- претставува одраз на решителноста на сите влади во Југоисточна Европа за прифаќање на храбри пристапи во политиките. Пристапи што се неопходни за постигнување на потребниот економски и социјален раст за подобрување на просперитетот на сите свои граѓани и за олеснување на евентуалното интегрирање во ЕУ.
Акциски план – „Претприемништво 2020 на ЕУ, претставува план за решителна заедничка акција за искористување на претприемачкиот потенцијал на Европа, отстранување на постоечките пречки и револуционизирање на културата на претприемништвото во Европа. Планот има за цел да го олесни отворањето на новите претпријатија и да создаде многу поповолно опкружување за напредување и раст на постоечките претприемачи. Акцискиот план го поддржува образованието и обуката за претприемништво за поддршка на раст и отворање на нови претпријатија; зајакнување на рамковните услови за претприемачите преку отстранување на постоечките структурни бариери и нивна поддршка во круцијалните фази во деловниот циклус; распламтување на културата на претприемништво во Европа: „поддршка на новата генерација претприемачи“.
Изработката на Стратегијата за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје е во согласност со националните стратегиски документи:
Национална стратегија за МСП (2018-2023)дефинира рамка за соработка меѓу чинителите од јавниот и приватниот сектор и граѓанското општество со цел поддршка на развојот на МСП и иновативноста, а во насока на зголемување на нивната конкурентност. Националната стратегија опфаќа три главни столба со програми за: Поволно деловно окружување; Зголемување и подобрување на можноста за раст на МСП; Динамичен екосистем на претприемништво и иновации.
Програмата на економски реформи 2021-2023 (Economic Reform Programme – ERP), е најважен стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и земјите членки на ЕУ. Овој документ се изработува секоја година и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на земјите членки на ЕУ, односно за вклучување во процесот на европскиот семестар за координација на економските политики во ЕУ.Програмата содржи среднорочна рамка на макроекономската и фискалната политика, и детален приказ на структурни реформи кои треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на економијата и креирање на работни места.
План за економски раст со опфат на сите три столба, коишто вклучуваат нови работни места, инвестициски проекти, раст на конкурентност, иновативност и поддршка на МСП.
Индустриска стратегија на Република Северна Македонија (2018-2027) -Визијата на индустриската стратегија е унапредување на индустријализацијата, преку стимулирање на растот и развојот на преработувачката индустрија, со цел зголемување на продуктивноста, создавање добри работни места, зголемување на приходите и зајакнување на човечкиот капитал, истовремено решавајќи ги предизвиците на циркуларната економија.Индустриската политика претставува секој облик на интервенција или државна политика насочена кон унапредување на деловното окружување. Односно промена на структурата на економската активност кон секторите, технологиите или задачите од кои се очекува поголем придонес за економскиот раст или општествената благосостојба, отколку што тоа би било случај кога таквата интервенција би изостанала. Во индустриската стратегија се дефинирани пет стратешки цели и тоа: Зајакнување на основата на преработувачката индустрија; Зголемување на продуктивноста, иновациите и трансферот на технологии во преработувачката индустрија; Катализирање на зелената индустрија/производство; Стимулирање на извозот на преработувачката индустрија; Градење на преработувачка индустрија во која се учи; Меѓусекторска имплементација и координација.
Национална стратегија за иновации (2012-2020) - цели кон започнување на трансформација на земјата во економија заснована врз знаења што е способна да биде конкурентна на меѓународните пазари преку нејзината обучена работна сила и иновативни претпријатија. Во националната стратегија за иновации се дефинирани следните стратегиски цели: Зголемување на склоноста на бизнис секторот за внесување иновации;Зајакнување на човечките ресурси за иновации;Создавање на регулаторна средина која ќе ги поддржува иновациите;Зголемување на тековите на знаење помеѓу актерите во иновациите.
Стратегијата за претприемачко учење (2013-2020) има за цел да ја подобри конкурентноста на МСП - особено на оние што се раководени од млади лица и жени - за успешно конкурирање на пазарите на ЕУ.Стратегијата сестреми: Стратегија за женско претприемништво 2019-2023 - Визијата на оваа стратегија е „Остварувањето на целта на вклученост на жените во претприемачка активност во зависност од различни фактори како би станале сила која придонесува во развојот на претприемачката клима и економијата.“ Стратегијата за развој на женското претприемништво во РСМ има за цел економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемачки потенцијал. Начин преку кој што ќе се придонесе кон развој на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија. Стратешки приоритети на стратегијата се следните: Стратегија за конкурентност 2014-2020 - целта на Стратегијата за конкурентност беше да создаде рамка за ефективно искористување на средстватана ЕУ од инструментот за претпристапна помош (ИПА II). Тоа беше иницијатива предводена од Кабинетот на вицепремиерот на Владата задолжен за економски прашања и ги опфати сите клучни теми поврзани со конкурентноста, вклучувајќи ги и: Поедноставна и постабилна деловна средина; Попретприемачки и попродуктивен МСП сектор; Подинамичен извозен сектор; Поатрактивна средина за странски инвеститори; Повешта ипретприемачка работна сила; Заживеана индустриска политика; Повеќе финансии за претприемачкиот сектор.
Во процесот беше вклучено ревидирање на постоечките стратешки документи на Град Скопје и неговите сектори. Користени се следните документи: Стратегија за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје со акционен план за период 2018-2021, Стратешки план на Град Скопје за период од 2020-2022; Стратегија за локален економски развој на Град Скопје за период 2018-2021, Буџет на град Скопје за 2021; Изборна програма на градоначалничката на Град Скопје, програми на секторите усвоени од страна на Совет на Град Скопје за 2021 година, Закон за Град Скопје, Закон за локална самоуправа.









Според Европската комисија мали и средни претпријатија се „категоријата на микро, мали и средни претпријатија (МСП) што вработуваат помалку од 250 лица и коишто имаат годишен промет што не надминува 50 милиони евра, и/или годишен биланс на состојба што не надминува 43 милиони евра“
Постојат три типа на МСП:
• Микропретпријатија, кои имаат помалку од 10 вработени
• Мали претпријатија, кои имаат помеѓу 10 и 49 вработени
• Средни претпријатија, кои имаат помеѓу 50 и 249 вработени

Во РСМ, не постои унифицирана дефиниција за мали и средни претпријатија. Но,во Законот за трговски друштва, во седма глава која се однесува на трговските книги, годишни сметки и финансиски извештаи, во оддел 1. водење на сметководство, во член 470 е направено класифицирање на трговците. Според тој член трговците се класифицираат во големи, средни, мали и микро трговци, во зависност од бројот на вработените, годишниот приход и просечната вредност на вкупните средства по годишните сметки во последните две години (пресметковни години).
Во првата година од работењето трговецот се распоредува според проценетиот обем на своето работење, а во втората според податоците од претходната година на работењето. Распоредувањето од една во друга класификација на трговец не може да се врши во текот на годината.
За микро трговец се смета трговецот кој во секоја од последните две пресметковни години, односно во првата година од работењето ги задоволил следниве два критериуми: Мал трговец е трговецот кој во секоја од последните две пресметковни години, односно во првата година од работењето ги задоволил најмалку два од можните три следни критериуми, и тоа: За среден трговец се смета трговецот кој во секоја од последните две пресметковни години, односно во првата година од работењето ги задоволил најмалку два од можните три следни критериуми, и тоа:

Табела бр. 1 - Класификација на трговци
    Големина на друштвото
    ЕУ дефиниција
    Закон затрговски друштва2004г.консолидиран со сите измени до 2021
    Микро
    <10 вработени

    ≤ЕУР 2 милиониобрт или биланс на состојба

    <10 вработени

    ≤ЕУР 50.000 бруто годишенприход, изразен во МКД

    Мало
    10 до 50 вработени

    ЕУР 2–10 милиониобрт или биланс на состојба

    ≤ 50 вработени, И

    ≥ ЕУР 2 милионигодишен приход, изразен во
    МКД, ИЛИ

    < ЕУР 2милионигодишен обрт(вкупни средства воактива),изразенво МКД

    Средно
    <250 вработени
    ≤ЕУР 50 милиони обрт
    ≤ЕУР 43 милиони биланс на состојба
    ≤250вработени, И
    ≥10 милиониЕУР годишенприход, изразен во
    МКД, ИЛИ

    < ЕУР 11милионигодишен обрт(вкупни средства воактива),изразенво МКД


Од табелата може да се забележи дека класификацијата на трговците во македонското законодавство е усогласена со европското во поглед на критериумот за бројот на вработени, но не и со критериумот за годишен приход и годишен обрт.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Северна Македонија во 2020 година изнесува 73061 и во однос на 2019 година е намален за 3,76%. Во 2019 во однос на 2018 година во РСМ имало зголемување на бројот на активни деловни субјекти за 4,98%. Во 2020 година намалувањето на активни деловни субјекти е резултат на пандемијата со Ковид 19, која предизвика неповолна бизнис клима. Заради ограничувањата се намали потрошувачката, а тоа влијаеше на компаниите и на намалување на нивните приходи. Претпријатијата се соочија со сериозни финансиски проблеми, некои од нив не успеаја да ги надминат и беа принудени да ги затворат.

Табела бр. 2 - Број на активни деловни субјекти според бројот на вработени за РСМ, по години
2018
%учество
2019
%учество
2020
%учество
Вкупно
72315
75914
73061
0 вработени или без податок
8221
11,368
7565
9,9652
6036
8,26159
1-9
57184
79,076
61265
80,703
59977
82,09168
10-49
5271
7,2889
5448
7,1765
5405
7,397928
50-249
1399
1,9346
1404
1,8495
1410
1,929894
250+
240
0,3319
232
0,3056
233
0,318912
Извор: Државен завод за статистика на РСМ

Доколку ги погледнеме податоците во табелата број 2 може да забележиме дека во структурата на активни деловни субјекти најголемо учество дури 99,68% имаат токму малите и средни претпријатија. Според бројот на вработени податоците покажуваат дека најголемо учество од 82,09% имаат деловните субјекти со еден до девет вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број вработени (без податок за вработени) со 8,26%, па субјектите со 10 до 49 вработени со 7,40%. И субјектите со 50 до 249 вработени, чие учество изнесува 1,93%, додека само 0,32% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.
Податоците по сектори на дејност покажуваат дека најголем број на деловни субјекти во РСМ се занимаваат со трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (22191). Потоа доаѓа преработувачката индустрија (8011) и 7651 деловни субјекти се занимаваат со стручни, научни и технички дејности.


Табела бр. 3 -Број на активни деловни субјекти по сектори на дејност според Националната класификација на дејностите - НКД, рев. 2 и според бројот на вработени, 2020 година
Сектори на дејност
Вкупно
%
Број на активни деловни субјекти според бројот на вработени
0
1-9
10-19
20-49
50-249
250 +
Вкупно
73 061
100.0
6 036
59 977
3 207
2 198
1 410
233
A
Земјоделство, шумарство и рибарство
2 414
3.3
146
2 155
46
41
21
5
Б
Рударство и вадење на камен
201
0.3
19
135
26
13
4
4
В
Преработувачка индустрија
8 011
11.0
318
6 267
565
497
306
58
Г
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
198
0.3
45
132
6
5
7
3
Д
Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината
248
0.3
12
143
28
27
28
10
Ѓ
Градежништво
5 263
7.2
284
4 395
324
195
57
8
E
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
22 191
30.4
920
19 845
831
402
164
29
Ж
Транспорт и складирање
5 625
7.7
139
4 946
320
156
54
10
З
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
4 694
6.4
134
4 067
308
149
36
Ѕ
Информации и комуникации
2 069
2.8
275
1 485
144
108
50
7
И
Финансиски дејности и дејности на осигурување
473
0.6
62
335
22
21
25
8
Ј
Дејности во врска со недвижен имот
608
0.8
152
416
22
13
4
1
К
Стручни, научни и технички дејности
7 651
10.5
528
6 824
177
94
26
2
Л
Административни и помошни услужни дејности
1 856
2.5
548
1 109
82
59
38
20
Љ
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување
260
0.4
1
22
38
84
88
27
М
Образование
1 277
1.7
85
644
49
169
328
2
Н
Дејности на здравствена и социјална заштита
3 304
4.5
32
2 885
138
94
127
28
Њ
Уметност, забава и рекреација
1 655
2.3
691
826
36
48
44
10
О
Други услужни дејности
5 063
6.9
1 645
3 346
45
23
3
1
П
Дејности на домаќинствата како работодавци; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби
Р
Дејности на екстратериторијални организации и тела
Извор: Државен завод за статистика на РСМ

Секторот микро, мали и средни претпријатија вработуваат 73,9% од вкупниот број вработувања, додека учеството во додадена вредност на овој сектор изнесува 67,9%, а во промет 67,4%. Сепак и покрај нивната голема бројност 99,7% тие не учествуваат со толку голем процент во додадена вредност. Големите претпријатија и со многу мал процент на застапеност (0,3%) учествуваат со 32,1% во додадена вредност,а со 32,6% во промет.

Табела бр. 4 - Основни структурни деловни показатели според бројот на вработени, 2019 година
2019
Деловни показатели
0-9
10-19
20-49
50-249
250+
Претпријатија
90.6
4.9
2.9
1.3
0.3
Вработени
31.8
9.7
12.9
19.6
26.1
Додадена вредност по фактор на трошок
21.6
9.9
14.3
22.1
32.1
Промет
22.6
10.3
13.0
21.5
32.6
Извор: Државен завод за статистика на РСМ


Извор: Државен завод за статистика на РСМ

Активните деловни субјекти на територијата на Град Скопје, исто така бележат намалување во 2020 година во однос на 2019. Во однос на големината на деловните субјекти, најголемиот број се микро (15.962), следуваат мали (10.281), па средни (470) и во најмал број (371) се големите активни деловни субјекти. Од табелите подолу може да се забележи дека намалувањето на вкупниот број на деловни субјекти во 2020 година во однос на 2019 година е предизвикано од намалување на микро и мали деловни субјекти, бидејќи кај средните и големите деловни субјекти и во 2020 година е задржан трендот на пораст. Податоците покажуваат дека пандемијата со Ковид-19 најмногу ги погодила микро и малите деловни субјекти. Додека средните и големите деловни субјекти, успеале да се справат со ситуацијата предизвикана од Ковид-19.
Гледано според општини во Градот Скопје во 2020 година, се забележува дека најголемиот број на деловни субјекти се во Општина Центар (7.308), Општина Карпош (4.389), како и во Општина Аеродром (3/788).

Табела бр. 5 - Активни деловни субјекти по големина, по општини, 2018
2018
Вкупномикромалисредниголеми
Скопје
26162
15854
9538
403
367
Аеродром
3675
2361
1260
27
27
Бутел
1402
848
502
31
21
Гази Баба
2733
1598
1040
54
41
Ѓорче Петров
1573
1046
504
12
11
Карпош
4110
2403
1584
63
60
Кисела Вода
2812
1771
984
41
16
Сарај
504
328
163
9
4
Центар
7221
3898
2988
150
185
Чаир
1903
1423
464
15
1
Шуто Оризари
229
178
49
1
1
Извор: Државен завод за статистика на РСМ
Табела бр. 6 - Активни деловни субјекти по големина, по општини.2019
2019
Вкупномикромалисредниголеми
Скопје
28094
17428
9840
447
379
Аеродром
3905
2546
1303
28
28
Бутел
1468
901
513
35
19
Гази Баба
2877
1705
1065
62
45
Ѓорче Петров
1729
1195
509
13
12
Карпош
4483
2704
1650
65
64
Кисела Вода
3034
1956
1011
43
24
Сарај
548
360
176
9
3
Центар
7762
4333
3069
178
182
Чаир
2047
1542
491
13
1
Шуто Оризари
241
186
53
1
1
Извор: Државен завод за статистика на РСМ

Табела бр. 7 - Активни деловни субјекти по големина, по општини,2020
2020
Вкупномикромалисредниголеми
Скопје
27104
15962
10281
470
391
Аеродром
3788
2361
1371
29
27
Бутел
1389
816
514
36
23
Гази Баба
2720
1511
1101
60
48
Ѓорче Петров
1720
1151
539
17
13
Карпош
4389
2519
1734
70
66
Кисела Вода
2947
1837
1036
49
25
Сарај
569
360
196
9
4
Центар
7308
3787
3157
185
179
Чаир
1935
1387
531
12
5
Шуто Оризари
228
166
59
2
1
Извор: Државен завод за статистика на РСМ


Извор: Државен завод за статистика на РСМ

Законот за трговски друштва е основниот закон кој ги регулира бизнис активностите во РСМ. Тој ги дефинира типовите на компании како и постапките и прописите за нивно основање и работење. Странските инвеститори го добиваат истиот третман како и локалните компании и за тоа не се потребни никакви посебни одобренија.
Правната рамка вклучува едношалтерски систем кој има за цел да се справи со некои од административните бариери за влез во деловниот живот во Македонија. Според процедурите за едношалтерскиот систем, сите видови на трговски друштва се регистрираат во рок од четири часа од поднесувањето на барање.
Во Република Северна Македонија има добро деловно опкружување. Според извештајот „Дуинг бизнис 2020“ на Светска Банка, РСМ е рангирана на 17 место од вкупно 190 земји според леснотијата на водење бизнис. За истиот критериум во 2019 била рангирана на 10 место, а во 2018 година била рангирана на 11 место.

Според „Глобалниот извештај за конкурентност 2019“ издаден од страна на Светски економски форум (WEF), РСМ според рангирањето за глобален индекс на конкурентност се наоѓа на 82 место од вкупно 141 земја.Според Индексот на економски слободи, којшто го објавува Фондацијата Херитиџ(„The Heritage Foundation“), РСМ е рангирана на 46 место од вкупно 178 земји.

Како што претходно наведовме, малите и средни претпријатија се најголеми креатори на работни места. Во РСМ, секторот микро, мали и средни претпријатија вработува дури 73,9% од вкупниот број вработувања. Имајќи го предвид овој факт владата креира низа мерки за мали и средни претпријатија. Агенцијата за вработување ги спроведува следните мерки и поддршки за мали и средни претпријатија:

Поддршка за самовработување

Програмата за самовработување е поддршка наменета за невработените лица да започнат сопствен бизнис. Цел на програмата е да се поддржат невработените лица во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања кај фирмите основани од лица со попреченост. Оваа програма вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнисплан и регистрирање на дејност. Неповратните грантови ќе ги добијат во парични средства за започнување на бизнисот, како и менторство во време на започнување на бизнисот.

Поддршка за креирање на нови работни места

Поддршката за креирање нови работни места ќе влијае врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански (непрофитни) организации што се занимаваат со економска активност при вршење на дејност т.е активност класифицирана според Националната класификација на дејности, со која организациите ги остваруваат своите цели утврдени со статутот. Поддршката за вработување може да биде во форма на субвенција на плати, или во форма на грант за набавка на нова опрема и/или материјали.

Субвенционирање на плати

Целта на мерката е поддршка за вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат во пазарот на трудот. Корисници се микро, мали и средни фирми, социјални претпријатија и граѓански (непрофитни) организации што се занимаваат со економска активност при вршење на својата дејност, нови претпријатија основани преку Програмата за самовработување во 2020 година. Висината на финансиската поддршка изнесува 19.000 денари месечно за период од три, шест или 12 месеци за вработување на лица од целните групи. Средствата се исплаќаат еднократно за целиот период на субвенционирање, по реализацијата на вработувањето со полно работно време, во согласност со одредбите и условите наведени во Договорот за субвенција.

Вработување и раст на правни субјекти

Целта на мерката е поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации со доделување на неповратен грант во опрема и/или материјали. Висината на грантот за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари, за лица на возраст до 29 години, висината на грантот за вработено едно лице изнесува 153.750 денари. За лица корисници на гарантирана минимална помош и за невработени лица од ромска етничка заедница, висината на грантот за вработено едно лице изнесува 200.000 денари, а за невработените лица кои ги изгубиле своите работни места по појава на пандемијата Ковид 19 (од март 2020 година) финансиската поддршка ќе изнесува 260.000 денари.

Проект кредитирање на микро, мали и средни претпријатија за отворање на нови работни места

Проектот кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места е проект на Владата на Република Северна Македонија. Цел на проектот е на заинтересираните правни субјекти кои сакаат да го прошират или развијат сопствениот бизнис да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места. Правните субјекти може да добијат кредит во износ од 5.000 евра за секое новоотворено работно место, без ограничување на бројот на лица кои може да ги вработи.

Вработување и раст на правни субјекти кои создаваат нови работни места во

услови на КОВИД 19

Програмата има за цел да даде поддршка во креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија.

Имајќи го предвид еден од поголемите проблеми на малите и средни претпријатија - пристапот до квалификувана работна сила, Агенција за вработување на РСМ нуди голем број на мерки за надминување на овој проблем. Некои од нив се следните: обука на работното место за познат работодавец, обука за стручни квалификации според барања на работодавците, стручни обуки според барање на работодавците, оn-line обуки за вештини според барање на работодавците,обука за побарувани занимања и сл.

Малите и средни претпријатија за да може да инвестираат, а со тоа да ја подобруваат својата продуктивност, да ја зголемуваат својата конкурентност, да генерираат нови вработувања, да ги промовираат иновациите и да придонесуваат за економскиот раст и развој на Градот Скопје и на РСМ потребно е да имаат лесен и брз пристап до финансии. Во Република Северна Македонија, финансиски средства за мали и средни компании нудат:

Според истражувањена НБРМ,главниот двигател за поголемо вклучување на банките во понудата на кредити на малите и средни претпријатија е профитабилноста и добрата перспектива на овој сектор. Истовремено, резултатите од ова истражување посочуваат на присуство на одредени фактори поврзани со малите и средни претпријатија (слаб квалитет на финансиски извештаи, недостаток на соодветно обезбедување), коишто го отежнуваат процесот на кредитирање на овој сектор преку банкарскиот сектор. Генерален заклучок е дека пристапот до финансирање за малите и средни претпријатија преку банките е потребно и натаму да се подобрува, со што ќе се зголеми и нивниот придонес во поддршката на растот на економијата.

Според извештајот на Европска комисија за Република Северна Македонија за 2021 година одпојавата на Ковид-19, Владата воведе шест пакети посебни мерки за поддршка на деловните субјекти и граѓаните со цел да се справат со последиците од пандемијата, во вкупен износ од околу 1,2 милијарди евра. Мерките за деловна поддршка соодветно им помогнаа на компаниите кои претрпеа пад на приходите или им беше забрането да работат. Најголем дел од средствата се потрошени за субвенционирање на платите на вработените и еднократни парични средства за најпогодените стопански гранки. Развојната банка распредели 44 милиони евра заеми со нула камата на малите и средни компании со цел да се зачува ликвидноста и работните места.

Претприемачката култура е нова култура на живеење, култура на негување на лични квалитети кои ја сочинуваат основата на претприемништвото: креативност, иницијатива, одговорност, независност, способност за преземање на ризик. Преку образованието, претприемачката култура треба да биде вклучена во животот на децата и младите уште од најрана возраст. Истовремено треба да се зголемува свеста кај родителите, заедницата и образовните институции дека претприемништвото е почитувана опција во кариерата.

Под услуги за деловен развој се подразбира услуги како што се обука, трансфер на технологија, маркетинг помош, деловни совети и сл. Тие имаат за цел да им помогнат на малите и средни претпријатија да ги подобрат перформансите на нивните бизниси. Услугите за развој на бизнисот традиционално се нарекуваат нефинансиски услуги, а понекогаш се нудат заедно со кредитни и други финансиски услуги. Имајќи ја важноста на малите и средните претпријатија, потребно е Градот Скопје да овозможи пристап на малите и средни претпријатија до обуки, помош при градење на таленти, отворање на инкубатори и акцелератори, како и технолошки паркови. Со создавање на деловно технолошки паркови се овозможува давање на инфраструктурна поддршка на иновациска дејност кој го забрзува успешниот раст на стартап претпријатијата во нивната рана фаза на развој преку обезбедување на стартап претпријатија со низа на потребни ресурси и услуги.На овој начин Градот може да им помогне да растат и да станат поконкурентни и профитабилни.

На почетокот на новата, но сепак предизвикувачка деценија, која започна со тешка економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19, покрај климатските, еколошките и општествените предизвици, стана уште поважно да се забрзаат двојните зелени и дигитални трансформации. „Глобалната иницијатива на OECD, Digital for SMEs Global Initiative (D4SME)“ има за цел да ја поддржи дигитализацијата на малите и средните претпријатија преку фокусирање на забрзување на дигитално управуваните трансформации во синџирите на снабдување и деловните модели, главно околу следните технолошки домени: големи податоци и вештачка интелигенција; блокчејн & DLTs; облак (cloud) компјутери; дигитални платформи; fintech; и IoT / Индустриски IoT.Уште еден приоритет на ЕУ е да се зголеми довербата на јавноста во дигиталните технологии преку обезбедување максимална заштита од сајбер-напади преку комбинација на сајбер-безбедност и етичка употреба на вештачката интелигенција.

Согласно светските и европските трендови, Градот Скопје треба да придонесува во забрзување на дигитализацијата на малите и средни претпријатија преку изградба на сеопфатна дигитална инфраструктура и обезбедување на поголем број на дигитални услуги.




Во претходната стратегија за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје, со акционен план за период 2018-2021 година, биле дефинирани пет столба: Деловно опкружување; Претприемничко учење и претприемачка култура;Иновации; Продуктивен и конкурентен сектор на МСП (домашен и странски пазар) и Финансирање.

Во рамки на столбот:„Деловно опкружување“ биле дефинирани 27 активности/проекти. Од нив биле реализирани вкупно 18 активности/проекти и тоа континуирано, а осум активности/проекти не се реализирани и за една активност нема податок.

За столбот:„Претприемничко учење и претприемачка култура“ биле дефинирани вкупно 14 активности/проекти. Од нив биле реализирани вкупно 11активности/проекти. Три активности/проекти не биле реализирани.

Во рамки на столбот:„Иновации“ биле дефинирани вкупно 11 активности/проекти.Од нив биле реализирани вкупно осум активности/проекти, а три активности/проекти не биле реализирани.

Во рамки на столбот:„Продуктивен и конкурентен сектор на МСП“ (домашен и странски пазар) биле дефинирани вкупно 11 активности/проекти.Сите активности/ проекти континуирано се реализираат.

За последниот столб:„Финансирање“ биле дефинирани вкупно 15 активности/мерки. Од нив биле реализирани вкупно осум активности/проекти, а седум активности/проекти не биле реализирани.




SWOT анализата ги сумира главните трендови кои влијаат на развојната рамка на мали и средни претпријатија и претприемништво во Град Скопје. Во себе ги интегрира четирите главни фактори:
Силните страни на географската локација, човечки потенцијали, финансиски поволности, организација на институциите, инфраструктурните елементи и сл.;
Слабите страни и ограничувањата кои се појавуваат во локален контекст, независно од регионалните и светските трендови во индустријата;
Можностите кои ќе резултираат со подобро искористување на потенцијалот, доколку се надминат слабите страни и ограничувања;
Заканите или надворешните фактори кои може да го оневозможат натамошниот развој.
SWOT анализата е изготвена со цел да ја опфати институционалната рамка на развојните компоненти и програми. Таа не обезбедува анализа на проблемите кои се надвор од институционалните рамки и не обработува аспекти кои имаат краткорочна димензија.


































Табела бр. 8 -Свот (Swot)Анализа
СИЛНИ СТРАНИ
СЛАБИ СТРАНИ
ü Добра геостратешка позиција на регионот;
ü Близина на автопат, железница и аеродром;
ü Достапна работна сила на пазарот на труд на градот Скопје;
ü Образовен центар (голем број на универзитети, факултети, средни стручни училишта);
ü Голем број на активни деловни субјекти и побарувачка на пазарот на работна сила;
ü Искуство во меѓународни проекти, фондови и сл.;
ü Готови проекти и стратегии;
ü Соработка со граѓански сектор;
ü Континуирана соработка со збратимени градови;
ü Највисок БДП по жител;
ü Економски силни и стабилни претпријатија;
ü Квалификувани вработени со долгогодишно искуство;
ü Реализација на обуки за вработените;
ü Голем број мерки за субвенционирање на мали и средни претпријатија;
ü Голем број на компании кои нудат можност за практична работа;
ü Постоење на саемски, конгресни, туристички и изложбени центри;
ü Голем број на консултантски компании.
ü Недостаток за институционален капацитет;
ü Неразвиена инфраструктура во руралните средини;
ü Урбанистички планови вон сила;
ü Трошоци и незнаење на важни информации потребни при отворање на бизниси;
ü Во одделни подрачја жените имаат претприемачки потенцијал, но сеуште се само домаќинки;
ü Неформална економија;
ü Немање ДУП-ови за рурални подрачја;
ü Немање даночни олеснувања за регистрирани земјоделци;
ü Немање институционален капацитет за ИПА и ИПАРД фондови;
ü Лоша и несоодветна законска регулатива за регионален развој;
ü Недостиг на база на податоци (статистики, регистри);
ü Поголеми трошоци за набавка, изнајмување и одржување наматеријални добра потребни заводење бизнис;
ü Повисока цена на работната сила вооднос на други општини во државата;
ü Неликвидност на МСП;
ü Недоволно познавање на прописи и закони од страна на претприемачитеи МСП;
ü Недостаток на финансиски средства кај локалната самоуправа иМСП за кофинансирање на проекти;
ü Непостоење на институционална инфраструктура на локално ниво запомош на МСП и претприемачите;
ü Недоволно прилагодување на наставните програми во високото образование според потребите на пазарот на труд;
ü Ниско ниво на познавање на постапките, аплицирање и користење на фондовите на ЕУ за поддршка наМСП и претприемништво;
ü Недоволни деловни знаења,вештини и иновативност напретприемачите и МСП;
ü Непознавање на маркетинг техники и ниско ниво на маркетиншки активности на МСП;
ü Недостаток на МСП за обезбедување на колатерал за кредити;
ü Несоодветен квалитет, амбалажа и цена на производите и услугите занивни пробив на меѓународниот пазар.
МОЖНОСТИ
ЗАКАНИ
ü Пристап до фондови за искористување на средства;
ü Подобрување/ Зголемување на приходи;
ü Субвенции-искористување на истите;
ü Производство на органска храна;
ü Едукација на населението за искористување права и мерки;
ü Подобрена меѓу-институционална соработка;
ü Можности за намалување на одредени трошоци на локално ниво за да се стимулира отворање на МСП;
ü Поттикнување на женско претприемништво;
ü Можности за бизнис инкубатори;
ü Можности за технолошки парк;
ü Институциoнална поддршка за нови бизниси (финансиска и know-how), пр. програма за грантови за зелени претприемачи;
ü Недостиг на стручен кадар;
ü Лошата економска ситуација заради корона кризата.
ü Слабото учество на МСП во постапките за јавни набавки
ü Одлив на млада работна сила (стручна и нестручна)
ü Недоволно достапни поволни извори за финансирање на МСП

PEST анализата се однесува на надворешните фактори како што се: политичките, економските, социо-културните и технолошките. При подготовка на стратешка анализа или истражување на пазарот е битно да се земат предвид овие фактори, бидејќи влијаат на целокупното работење и функционирање на сите мали и средни претпријатија во Градот Скопје.















Градот Скопје е континуирано посветен на развојот на мали и средни претпријатија и претставува активно деловно опкружување за над 25795 микро, мали и средни претпријатија, препознавајќи ги како најважни двигатели на економскиот раст и развој.

Визијата ја претставува посакуваната состојба на малите и средни претпријатија и претприемништвото во Град Скопје. Таа е една од клучните чекори за донесување на развојни одлуки и дава мотивирачка сила за имплементација на стратегијата. Визијата, всушност претставува патоказ за сите идни стратешки решенија и оперативни интервенции. При дефинирање на визијата беа земени предвид резултатите кои произлегоа од спроведените анализи.

Визијата на Стратегијата за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје е следна:

Скопје е високо развиен бизнис центар со продуктивни,иновативни, конкурентни и дигитализирани микро, мали и средни претпријатија и технолошки центар кој овозможува научно истражување, поврзување и напредок на технолошките компании, ментори и поддршка за стартапи.





За реализација на поставената визија се дефинираа следните стратешки цели:

Стратешка цел: Поволно деловно опкружување


Првата стратешка цел е создавање на поволно деловно опкружување како за домашните, така и за странските претпријатија. Градот Скопје ќе го подобри координирањето и интегрирањето на своите политики што ги засегаат МСП, истовремено подобрувајќи го механизмот за обезбедување на услугите за развој на МСП.

Првата стратешка цел е поставена во насока на подобрување на локалните услови за водење бизнис и поддршка на малите и средни претпријатија во градот Скопје со цел да се задржат постоечките, но и да се поттикне отворање на нови работни места. Предвидено е мапирање на инвестициски зони на Градот Скопје, што ќе се спроведе согласно ДУП и ГУП како стратешки планови на Градот. Со мапирање на инвестициски зони ќе се зголеми ефикасноста при промоција на зоните и определување на нови потенцијални подрачја за стратешките инвеститори, посебно во подрачјата во општините каде има развиено бизнис-клима за претприемништво и нови можности за инвестиции. Предвидено е и воспоставување на меѓусебен дијалог и подобрување на инфраструктурата, услугите во градот, полесни административни процедури, пристапност во зоните и други погодности. Во соработка со општините во Градот, ќе се предвиди и проектирање на нови економски зони, кои ќе бидат центри на висока технологија, иновации и нови информациски достигнувања. Ќе се работи и на создавање на нови форми и политики за самовработување на младите преку компонентата на претприемачка работа. Континуирано финансиски ќе се поддржуваат микро, мали и средни претпријатија во Градот Скопје.

За остварување на Стратешката цел: Поволно деловно опкружување - Градот Скопје ќе преземе низа активности и проектии тоа:

Стратешка цел: Динамичен екосистем на претприемништво и иновации

Градот Скопје треба да го промовира претприемачкото учење и да ја поддржува и промовира претприемачката култура. Потребно е да се работи на подобрување на условите за претприемништво, како и поддршка за иновациската дејност во сите сфери. Градот треба да има важна улога во поврзување на образовните институции со локалните организации и фирми.Со цел поддршка на претприемништвото, Градот планира да изработи стратегија за поддршка на иновации и претприемништво на Град Скопје. Потоа е планирано да се формира локален иновациски фонд за млади претприемачи и креирање на научно-образовен локален центар. Исто така за поддршка на малите и средни претпријатија е планирано создавање на бизнис инкубатори и тоа:за жени претприемачи, за социјални претпријатија за нега на лица со попреченост и за компании за нега на домашни миленичиња.

Градот Скопје да се развие како град на нови идеи, иновации и во тренд со глобалните трендови. Со развој во оваа насока ќе се отворат можности за нови полиња на инвестирање, ќе се развијат веќе постоечки идеи и ќе се подобри самата слика на градот, како град на нови идеи, во тренд со останатите метрополи во Европа и светот.Преку конкретни мерки и активности да се поттикнат сите претприемачи да развијат нови индустриски гранки, следење на нови технологии, еко одржливи бизниси, пробивање на нови производи и услуги на пазарот. Поголема соработка со универзитетите и институтите во процесот на иновација, истражувања и развивање на нови дејности. Преку овој процес да се зачуваат талентите, односно студентите кои покажуваат стремеж кон развојот на нови технологии, нивно стипендирање, како и помош при развојот на нивните идеи и модели.

За остварување на Стратешката цел: Динамичен екосистем на претприемништво и иновации- Градот Скопје ќе преземе низа активности и проектии тоа:


Стратешка цел:Продуктивен, конкурентен и дигитализиран сектор на мали и средни претпријатија

Градењето на капацитети и поддршката за транзиција кон одржливост и дигитализација на малите и средни претпријатија треба да биде еден од приоритетите на Град Скопје. Конкурентната одржливост е водечки принцип и во Европа. Потребни се инвестиции и време со цел да се создаде соодветна деловна и иновациска инфраструктура за МСП. Пандемијата од Ковид-19, исто така ја потврди потребата од забрзување на дигитализацијата кај малите и средни претпријатија. Градот Скопје треба да обезбеди финансиска поддршка за експертска помош за МСП во креирање на дигиталната трансформација. Потребно е да се работи на поттикнување на воведување на модерни технологии во своето работење, со цел МСП да се приспособат на новите услови за работа предизвикани од актуелната пандемија, но и забрзаната дигитализација насекаде во светот. Доколку малите и средни претпријатија сакаат да останат конкурентни како на домашниот така и на меѓународниот пазар тие мора постојано да се надградуваат, да бидат во тек со најновите достигнувања, да го зголемуваат својот опсег на производи и услуги во согласност со потребите на пазарот. Со постигнување на продуктивност и конкурентност МСП ќеостваруваат и поголем профит. Со цел да се соочат со ваквите предизвици, малите и средните претпријатија треба да обрнат внимание на иновациските способности, на способноста да се развијат и апсорбираат нови технологии, поголемо познавање на пазарите на кои настапуваат и обезбедување на пристап до капитал. Градот Скопје може да помогне во насока на ова со финансирање на програмски активности на бизнис инкубатори и центри за развој на иновации, зајакнување на дигиталната писменост кај МСП, развивање на програми зауслуги што ќе им помогнат на МСП да влезат на странските пазари, развој на програми за трансфер на знаења, технологии, искуства и добри практики од развиените земји, обезбедување на квалитетни тренинзи за продажба на меѓународниот пазар и запознавање на МСП со европски стандарди за квалитет на услуги/производи потребни за извоз.

За остварување на Стратешката цел: Продуктивен, конкурентен и дигитализиран сектор на мали и средни претпријатија- Градот Скопје ќе преземе низа активности и проектии тоа:


Стратешка цел: Поттикнување на развојот на мали и средни претпријатија и претприемништво

Имајќи ја предвид важноста на малите и средни претпријатија во деловното опкружување како на национално ниво така и на ниво на Град Скопје, потребно е да се поддржуваат МСП преку доделување разна помош и преку информирање на малите и средни претпријатија и стартапи за поволностите и можностите за аплицирање во фондови и финансиски институции. Еден од поголемите проблеми со кој се соочуваат е токму пристапот до соодветни извори за финансирање. Инвеститорите и банките често пати се воздржуваат од финансирање на новоформираните претпријатија и малите бизниси,поради недостаток од соодветна колатерала и гаранција.

За остварување на Стратешката цел: Потикнување на развојот на мали и средни претпријатија и претприемништво- Градот Скопје ќе преземе низа активности и проекти и тоа:

Табела бр. 9 - Акциски план за период 2022-2025

АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПЕРИОД ОД 2022-2025
Стратешки цели
Мерки и проекти
Надлежен сектор
Година на Реализација
ПОВОЛНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ
Изработка на Мапа на инвестициски зони на Град Скопjе
Сектор за локален економски развој
2022/2023
Воспостaвување на меѓусебен дијалог и подобрување на логистиката/кластерот(cluster building) за развој на мали и средни претпријатијаСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Олеснување на административни процедури за МСПСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Изработка на акциски план за вработување на Град СкопјеСектор за локален економски развој 2024
Организирање на годишни бизнис форуми за промоција на Скопје како инвестициска дестинацијаСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
Организирање на кампања за поттикнување на претпријатија, училишта и институции под Градот Скопје да купуваат производи кои потикнуваат локални мали бизнисиСектор за локален економски развој континуирано од 2023 до 2025
Финансиска подршка за МСПСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Меѓународно вмрежување на Градот Скопје Сектор за локален економски развој континуирано од 2022 до 2025
Специјализирани обуки за можностите за финансирање на МСП на Град СкопјеСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Идентификација и мапирање на можности за јавно приватно партнерство во Градот Скопје Сектор за локален економски развој2024
Обуки и консултации за дигитализација на МСПСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2024
Промоција на социјалните претпријатија како можност за отворање нови работни места за маргинализирани лица и лица во социјален ризикСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Изработка на Стратегија за поддршка на иновации и претприемништво на Град СкопјеСектор за локален економски развој2023/2024
Поттикнување на соработка помеѓу град Скопје и приватните компании на проекти за намалување на загадувањето на воздухот, поттикнување на зелен транспортСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Поддршка на жени менаџериСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
ДИНАМИЧЕН ЕКОСИСТЕМ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ИНОВАЦИИ
Воведување на родово буџетирање и политики за родова рамноправност во администрацијатаСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Соработка со бизнис асоцијации, државните институции и меѓународни партнериСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Организирање на манифестација за избор на најуспешна жена-лидер на микро и мали претпријатијаСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Бизнис инкубатори (за жени претприемачи, за социјални претпријатија за нега на лица со попреченост, за компании за нега на домашни миленичиња);Сектор за локален економски развој2024
Стари занаети – нови можностиСектор за локален економски развој2023
Промоција на иновации и претприемништво кај најмладитеСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Изработка на информациски систем на податоци за МСП на територијата на град СкопјеСектор за локален економски развој2023/2024
Онлајн курс за иновациски менаџментСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
Натпревари за претприемништво во средните училишта (стипендии)Сектор за локален економски развој, Сектор за образованиеконтинуирано од 2022 до 2025
Воспоставување нови партнерства меѓу образовните институции и индустријатаСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Информативна и едукативна кампања за финансиска писменостСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
Истражување за дефинирање на потребите на пазарот на трудотСектор за локален економски развоједна во 2023 и една во 2025
Креирање на мрежа на институции за доживотно учење (прекфалификација и доквалификација)Сектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2024
Центар за претприемништво-HUB (Развивање на претприемачкиот дух на младите – обуки и комисии)Сектор за локален економски развојконтинуирано од 2024 до 2025
Подигнување на свеста и развој на претприемачка култура кај наставниците/професорите, во средното образованиеСектор за локален економски развој, Сектор за образованиеконтинуирано од 2022 до 2025
Изработка на локална стратегија за привлекување странски инвестицииСектор за локален економски развој2023/2024
Изработка на стратегија за дигитална трансформација на МСП на Град СкопјеСектор за локален економски развој2024
Поттикнување на воведување на модерни технологии во работење –3D printing, користење на big data, gamification, drones, etc.Сектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
ПРОДУКТИВЕН, КОНКУРЕНТЕН И ДИГИТАЛИЗИРАН СЕКТОР НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Финансирање на програмски активности на градски центар за претприемништво на Град СкопјеСектор за локален економски развојконтинуирано од 2024 до 2025
Зајакнување на дигитална писменост кај традиционални МСП и поттикнување на користење на социјални медиуми за промоцијаСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Поттикнување на БИО производствоСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
B2B средби помеѓу локални компании и компании од збратимени градовиСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
Даночно стимулирање на локално ниво за развој на високо-технолошки и иновативни МСПСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
Развој на програми за трансфер на знаења, технологии, искуства и добри пракси од развиените земјиСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
Финанисирање на Проекти за поддршка и развој на претприемништво, иновации и конкурентност на малите и средни претпријатија на поддрачјето на Град СкопјеСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Реализација на настан за претприемништво Сектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Поддршка на настан за технички унапредувања, индустриски дизајн,трговски марки и младинско истражувачко Сектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
ПОТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА МСП И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
Поддршка на настан за Иновативно претпријатие на годинатаСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Организирање на форум за жени претприемачиСектор за локален економски развој континуирано од 2022 до 2025
Формирање на ресурсен центар за социјално претприемништво Сектор за локален економски развој2024/2025
Финансирање на проекти од областа на циркуларната економијаСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
Зајакнување на соработката со Фонд за иновации и технолошки развојСектор за локален економски развојконтинуирано од 2022 до 2025
Доделување на финансиски награди за најуспешен проект од областа на социјално претприемништвоСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025
Доделување на награди за општествено најодоговорно претпријатиеСектор за локален економски развојконтинуирано од 2023 до 2025





За имплементација на Акцискиот план за Стратегијата за мали и средни претпријатија и претприемништво на Град Скопје за периодот 2022-2025 година е одговорен Секторот за локален економски развој на Град Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Советот на град Скопје, како и соодветните сектори и нивните одделенија. Секторот за локален економски развој на Град Скопје ќе го координира и надгледува неговото извршување и ќе биде одговорен за:

Секторот за локален економски развој ќе ја следи имплементацијата на Акцискиот план за период 2022-2025 на Град Скопје. Предвидени се две евалуации на планот и тоа една во текот на имплементацијата на планот и крајна евалуација, веднаш по извршување на имплементацијата на планот.
9o09o0

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Стратегијата за мали и средни претпријатија и претприемништвото на Град Скопје, со Акциски план, за периодот 2022-2025 година, влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје“.

Број 27- 13073/1
15 ноември 2022 година
Скопје
С О В Е Т Н А Г Р А Д С К О П J Е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Трајко Славески с.р.