ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ
Година:
2004
Број:
11
Датум на издавање:
12/08/2004
Општина:
Совет на Општина Центар
Тип:
Одлука
Наслов:
Одлука за учество на Општината Центар во изградба – адаптација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје
Текст:
Врз основа на членовите 23 и 102 од Статутот на Општината Центар (Службен гласник на Град Скопје број 4/03), Советот на Општината Центар на 43 - тата седница одржана на 22.10. 2004 година, донесе
ОДЛУКА
за учество на Општината Центар во изградба – адаптација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје
Член 1
Општината Центар – Скопје ќе учествува во финансирањето на градежните работи - доградба на влезната партија на зградата на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со сопствени средства во вкупен износ од 97.700,00 денари.
Градежните работи се преземаат заради обезбедување просторни услови за реализација на Проектот „Формирање на самоодржлив фонд за антиретровирусна терапија”.
Член 2
Средствата од член 1 на оваа одлука претставуваат надоместок за уредување на градежното земјиште што треба да се плати на Општината Центар за градежните работи на зградата на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје, а инвеститорот - ЈЗО Клинички центар – Скопје, се ослободува од обврската за негово плаќање.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен гласник на Град Скопје”.
Бр. 07-1814/1
22.10.2004 година
С к о п ј е
Совет на Општината Центар-Скопје
Претседател
Иванчо Вучевски,с.р.