ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ
Година:
2005
Број:
2
Датум на издавање:
03/03/2005
Општина:
Совет на Општина Центар
Тип:
Одлука
Наслов:
Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за „Буњаковец 1„ урбани модули М1, М6, М7, М12 , М13 , М14, М16 , М17 , М20 , М22 и М23- Скопје
Текст:
Врз основа на член 23, точка 6 од Статутот на Општина Центар – Скопје /„Службен гласник на Град Скопје„ бр.4/03/, а во врска со член 22, ставови 5 и 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање /„Службен весник на РМ„ бр.4/96, 28/97, 18/99 и 53/2001/, Советот на Општина Центар – Скопје, на 49 -та седница одржана на 18.02.2005 година, донесе
О Д Л У К А
за изменување и дополнување на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за „Буњаковец 1„
урбани модули М1, М6, М7, М12 , М13
,
М14, М16 , М17
,
М20 , М22
и
М23- Скопје
Член 1
Со оваа Одлука се вршат изменувања и дополнувања на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за „Буњаковец 1 „ урбани модули М1, М6, М7, М12 , М13 , М14, М16 , М17 , М20 , М22 и М23 - Скопје, /„Службен гласник на град Скопје„ бр. 09/2002/.
Одлуката за измени и дополнувања ги почитува определбите на Генералниот урбанистички план на Град Скопје /„Службен гласник на Град Скопје„ бр. 8/2002/, Законот за просторно и урбанистичко планирање /„Службен весник на РМ„ бр. 4/96/, Правилникот за поблиска содржина и начин на графичка обработка на плановите /„Службен весник на РМ„ бр. 02/02/ и Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот /„Службен весник на РМ„ бр. 02/02/.
Член 2
Просторот за кој се донесува измената и дополнувањата на Деталниот урбанистички план за „Буњаковец 1 „ урбани модули М1, М6, М7, М12 , М13 , М14, М16 , М17 , М20 , М22 и М23 - Скопје, е со површина од 16,13 ха и е во рамките на следните граници :
Урбан модул М1
со граници на север бул. „Партизански Одреди„ ,исток ул. „Ленинова„, југ ул. „Иван Милутиновиќ„,со површина од 2,37 ха.
Урбан модул М6
со граници на север бул. „Партизански Одреди„, исток бул. „Св.Климент Охридски„, југ колско-пешачка патека и и ул „Ѓуро Ѓоновиќ„, со површина од 1,89 ха.
Урбан модул М7
со граници на
север колско-пешачка патека, исток бул. „Св. Климент Охридски„ , југ колско-пешачка патекаи на запад источните граници на К.П 11717; К.П 11769; К.П 11761; К.П 11762; К.П 11763;К.П 11766, со површина од 1,34 ха.
Урбан модул М12
со граници на север колско-пешачка патека, исток бул. „Св.Климент Охридски„, од југ ул „Митрополит Теодосие Гологанов„, на запад ул. „Костадин Шахов„, со површина од 1,30 ха.
Урбан модул М13
со граници на север
ул. „Митрополит Теодосие Гологанов„, исток бул. „Св.Климент Охридски„ ,југ ул „Мито Хаџивасилев Јасмин„,запад Новопланирана улица, со површина од 2,45 ха.
Урбан модул М14
со граници на север
ул. „Митрополит Теодосие Гологанов„, исток Новопланирана улица, југ ул „Мито Хаџивасилев Јасмин„,запад Новопланирана улица, со површина од 2,20 ха.
Урбан модул М16
со граници на север ул. „Киро Крстевски Платник„, исток ул. „Коле Неделковски„, југ
ул. „Митрополит Теодосие Гологанов„, запад ул. „Златко Шнајдер„, со површина од 1,68 ха.
Урбан модул М17
со граници на север ул. „Киро Крстевски Платник„, исток ул. „Ленинова„, југ
ул. „Митрополит Теодосие Гологанов„, запад ул. „Коле Неделковски„, со површина од 1,02 ха.
Урбан модул М20
со граници на север ул. „Борка Талевски„, исток ул. „Апостол Гусларот„, југ ул. „Никола Тримпаре„, запад ул. „Костадин Шахов„, со површина од 0,46 ха.
Урбан модул М22
со граници на север ул. „Борка Талевски„, исток ул. „Ленинова„, југ ул. „Никола Тримпаре„, запад ул. „Рајко Жинзифов„, со површина од 1,06 ха.
Урбан модул М23
со граници на југ ул. „Киро Крстевски Платник„, исток ул.„Апостол Гусларот„, север ул. “Никола Тримпаре„, запад ул. „Златко Шнајдер„, со површина од 0,46 ха.
Биланс на показатели:
Вкупна површина во рамките на измените е 16,13 ха
УРБАН МОДУЛ
Површина на модул ха
Површина на парцела м2
Површина за градба М2
Бруто развиена површина м2
Висина на венец м2
Процент на
изграденост
Коефициент на искористеност
Забелешка
М 1
2,27
9765,23
6217,26
688,22
М 6
1,89
9072,33
4803,15
11840,1
52,94
4,00
М 7
1,34
9955,1
4044
20626,1
40,63
2,00
М 12
1,30
6582,5
3785,95
4529,11
57,51
2,00
М 13
2,45
17038,6
9501
29451,6
55,76
2,00
М 14
2,20
15161,3
5838,5
19876
38,51
2,00
М 16
1,68
12750,4
6511
22972,5
51,06
2,00
М 17
1,02
4132,71
2275
7051,86
55,04
2,00
М 20
0,46
2572,93
1545
6178,85
60,04
2,00
М 22
1,06
7998,3
3340
1369,38
41,76
2,00
М 23
0,46
2438,54
1356
5559,4
55,6
2,00
ВКУПНО
16,13
97468
49216,9
210601
52,33
2,17
Површина на урбан опфат
16,13 ха
Површина на парцели
10.624 м2
Вкупно бруто развиена површина во граници на опфатот
159.072 м2
Вкупно површина за градба
48.064 м2
Планиран број на жители
4.037 жит.
Број на домаќинства
1.100
Просечен број на жители по домакинства
3,67
Број на станови
1.100
Бруто густина на живеење
268ж/ха
Просечен процент на изграденост
52,33%
Просечен коефициент на искористеност на градежно земјиште
2,17
Член 3
Измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план содржат:
Текстуален дел:
Вовед
Предвидени промени во Деталниот урбанистички план
Анализа и влијанија на измените врз организацијата на просторот, сообраќајот и инфраструктурата
Билансни показатели
Параметри за уредување на просторот
Графички прилози
Извод од ГУП од 2002 година
Извод од ДУП од 2001 година
Постојна состојба на објекти
Постојна состојба – височина на објекти
Синтезен план – планиран развој
Составен дел на оваа Одлука се:
Текстуален дел на планот
Графички прилози
Параметри за уредување на просторот
Извештај од јавната анкета со Осврт од Стручна консултација
Член 4
Одлуката за изменување и дополнувања на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план се заверува со печат на Советот на Општина Центар и потпис на претседателот на Советот на Општината.
Член 5
Одделението за урбанизам на Општината, во рок од 60 дена од донесувањето на Одлуката ќе обезбеди комплетна документација за остварување на планскиот документ.
Член 6
Одлуката за изменување и дополнувања на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план со сите нејзини делови се чува и за нејзината реализација се грижи Одделението за урбанизам на Општината.
Член 7
Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на Град Скопје„.
Број 07- 466/1
18.02. 2005 год.
С к о п ј е
СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
Иванчо Вучевски,с.р.