ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Година: 2005 Број: 16
Датум на издавање: 12/30/2005

Општина: Совет на Општина Центар
Тип:Одлука

Наслов: Одлука за утврдување на сервисните и станбените улици на подрачјето на Општината Центар-Скопје
Текст:Врз основа на член 9, став 2 од Законот за јавни патишта ("Службен весник на РМ" бр. 26/96, 40/99, 96/00, 29/02 и 68/04) и член 23 точка 35 од Статутот на Општината Центар ("Службен гласник на град Скопје" бр. 4/03), Советот на Општината Центар на 13-та седница одржана на 21.12.2005 година, донесе

О Д Л У К А
за утврдување на сервисните и станбените улици на подрачјето на Општината Центар-Скопје
Член 1

Со оваа одлука се утврдуваат сервисните и станбените улици на подрачјето на Општината Центар-Скопје, дефинирани и категоризирани со Генералниот и деталните урбанистички планови на Град Скопје односно Општина Центар Скопје.
Член 2

На подрачјето на Општината Центар-Скопје, улици во смисла на член 1 од оваа Одлука се: 109.Дел од Ул. "Јорганџиска" /104/ од раскрсница со улица "Подграѓе" до ул. "Лазар Танев" гранична улица соОпштина Чаир

Член 3
На изградбата, реконструкцијата, одржувањето и заштитата на улиците утврдени со оваа Одлука се применуваат прописите за инвестициона градба и прописите донесени врз основа на Законот за јавните патишта.
Член 4
Изградбата, реконструкцијата, одржувањето и заштитата на улиците се финансира од средствата што на Општината и ги става на располагање Фондот за магистрални и регионални патишта, врз основа на утврдени критериуми и Годишна програма.

Член 5
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во "Службен гласник на Град Скопје".

Број 07- 3538/2
21.12.2005год.
С к о п ј е

СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
Иванчо Вучевски ,с.р.