ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Година: 2005 Број: 7
Датум на издавање: 07/04/2005

Општина: Совет на Општина Карпош
Тип:Одлука

Наслов: Одлука за утврдување на стапките на даноците на имот
Текст:Врз основа на член 36, став 1 и точка 3 од Законот за локална самоуправа /”Службен весник на РМ” бр. 05/02/ чл. 27, 28 и 29 од Законот за Градот Скопје /”Службен весник на РМ” бр. 55/04/ и член 6 став 4, член 16, став 4 и член 22 став 3 од Законот за даноците на имот /”Службен весник на РМ” бр. 61/04/ и член 43 став 1 точка 35, а во врска со член 77 од Статутот на Општината Карпош /”Службен гласник на Град Скопје” бр. 8/97/, Советот на Општината Карпош на Петтата седница, одржана на 29 јуни 2005 година, донесе
О Д Л У К А
за утврдување на стапките на даноците на имот

Член 1
Со оваа Одлука Општината Карпош ги утврдува висините за стапките за пресметување на:
како сопствени извори на приходи, во рамките утврдени со Законот за даноците на имот.
Член 2
Стапка на данок на имот
Висината на стапката за пресметување на данок на имот на подрачјето на Општината Карпош е пропорционална и се утврдува во износ од 0,10%, колку што изнесува најниската стапка на данок на имот утврдена со Закон.
Висината на стапката за пресметување на данок на имот на земјоделско земјиште кое не се користи за земјоделско производство, на подрачјето на Општина Карпош, се зголемува за пет пати во однос на најниската стапка на данокот на имот утврдена со Закон, односно истата се утврдува во износ од 0,5% за подрачјето на Општина Карпош.
Член 3
Стапка на данок на наследтво и подарок
Висината на стапката за пресметување на данок на наследство и подарок е пропорционална, како изворен приход на Општина Карпош и се утврдува во износ од 3% за обврзник од втор наследен ред, а за обврзник
од трет наследен ред или обврзник кој не е во сродство со оставителот се утврдува во износ од 5% за подрачјето на Општина Карпош.
Член 4
Данок на промет на недвижност
Најниската пропорционално законски утврдена стапка за пресметување на данокот на промет на недвижност на подрачјето на Општина Карпош изнесува 2%.
Општината Карпош во рамките утврдени со Закон, за своето подрачје утврдува повисока стапка на данок на промет на недвижност од најниската стапка на данок на промет на недвижност утврдена со Закон во износ од 0,5%.
Член 5
Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје, а ќе се применува од 1 јули 2005 година.


Број 07-1180/1
29.06.2005 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТОТ НА ОПТШИНАТА КАРПОШ,
Трифун Трифуновки,с.р.