ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Година: 2005 Број: 7
Датум на издавање: 07/04/2005

Општина: Совет на Општина Горче Петров
Тип:Одлука

Наслов: Одлика за утврдување на стапките на даноци и комунални такси на Општина Ѓорче Петров
Текст:Врз основа на член 36 од Законот за Локална самоуправа (,,Службен Весник на РМ бр.05/02), член 27, 28 и 36 од Законот за Град Скопје (,,Службен Весник на РМ бр.55/04), член 6 став 3, 4 и 5 од Законот за даноците на имот (,,Службен Весник на РМ’’ бр.61/04) и член 2 став 2 од Законот за комунални такси (,,Службен Весник на РМ бр.61/04), и член 25 став1 точка 5 од Статутот ан Општина Ѓорче Петров (,,Службен Гласник на Град Скопје бр.10/03), Советот на Општина Ѓорче Петров на Четвртата седница, одржана на 27.06.2005 година, донесе
О Д Л У К А
за утврдување на стапките на даноци и комунални такси на Општина Ѓорче Петров

Ч л е н 1
Со оваа Одлука се утврдува висината на стапките за пресметување на данокот на имот, данок на промет на недвижности и висината на стапките на комунални такси во рамките утврдени со Законот за Даноците на имот и Законот за комунални такси.
Ч л е н 2
Најниската пропорционална стапка за пресметување на данок на имот на подрачјето на Град Скопје и подрачјето на Општина Ѓорче Петров, како изворен приход на Градот и општината изнесува 0.10%.
Општина Ѓорче Петров во рамките утврдени со Закон, утврдува дополнителна пропорционална стапка на данокот на имот, како изворен приход на Општина Ѓорче Петров во висина од 0.05%.
Висината на стапката за пресметување на данокот на имот на земјоделско земјиште кое не се користи за земјоделско производство, на подрачјето Општина Ѓорче Петров, изнесува 1%.
Ч л е н 3
Најниската пропорционална стапка за пресметување на данокот на промет на недвижности, на подрачјето на Град Скопје и Општина Ѓорче Петров, како изворен приход на Градот и општината изнесува 2%.
Општина Ѓорче Петров во рамките утврдени со Закон утврдува дополнителна пропорционална стапка на данокот на промет на недвижности, како изворен приход на Општина Ѓорче Петров во висина од 1%.

Ч л е н 4
Висината на комуналните такси определени со Закон, за оделни тарифни броеви, се утврдува на износ во денари :
Ч л е н 5
Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен Гласник на Град Скопје.


Број 07-1066/7
од 27.06.2005 година
С к о п ј е
СОВЕТ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
П р е т с е д а в а ч ,
Харалампије Анѓелковски,с.р.