ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ
Година:
2004
Број:
11
Датум на издавање:
12/08/2004
Општина:
Совет на Општина Карпош
Тип:
Одлука
Наслов:
Одлука за организирање Јавна анкета по Нацртот на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за
локалитет "Средно Нерези" , Општина Карпош - Скопје
Текст:
Врз основа на член 17 став 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање /"Службен весник на РМ" бр. 4/96, 28/97, 18/99 и 53/01, 45/02/, член 50 точка 6 од Законот за локалната самоуправа /"Службен весник на РМ" бр. 5/2002/ и член 51 точка 8 од Статутот на Општината Карпош /"Службен гласник на Град Скопје" бр. 8/97/, Градоначалникот на Општината Карпош, донесе
О Д Л У К А
за организирање Јавна анкета по Нацртот на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за
локалитет "Средно Нерези" , Општина Карпош - Скопје
Член 1
Со оваа Одлука се организира Јавна анкета по Нацртот на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за локалитет, "Средно Нерези"Општина Карпош - Скопје.
Член 2
Соопштението за организирање Јавната анкета ќе биде објавено во јавното гласило "Дневник".
Член 3
Јавната анкета ќе трае 15 дена, сметано со денот на објавувањето на Соопштението.
Член 4
Нацрт-Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за локалитет "Средно Нерези" Општина Карпош - Скопје ќе биде изложен во МЗ "Нерези".
Член 5
Заинтересираните граѓани и правни лица во предвидениот рок на анкетни листови ќе можат да ги дадат своите забелешки.
Член 6
Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето,а ќе се објави во "Службен гласник на Град Скопје".
Број 08- 2208/1
23.09.2004 год.
С к о п ј е
В.Д.
ГРАДОНАЧАЛНИК
НА ОПШТИНАТА КАРПОШ,
Д-р Андреј Петров,с.р.