за активностите на Град Скопје од областа на социјална, детска и здравствена заштита, во 2007 година
Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, развојот на социјалната, детска и здравствена заштита може да го постигне на ниво на подрачјето на Градот Скопје, во соработка со 10-те општини на подрачјето на Град Скопје. Децентрализацијата на социјалната заштита со оглед на специфичноста и сложеноста на функциите се одвива постапно и овој процес започна со пренесување на јавните установи за згрижување на старите лица, од централната власт на единиците на локалната самоуправа. Исто така, може да се изврши и пренесување и на дневните центри кои веќе се основани од страна на Министерството за труд и социјална политика. Пренесувањето на Дневните центри за социјално исклучените лица, кои се основани изминативе години како организациони единици на одредени јавни установи, ќе се одвива во директен договор помеѓу Министерството и органите на општината, односно Градот Скопје. Во реализирањето на програмите за социјална заштита на единиците за локална самоуправа се вклучуваат и месно надлежните центри за социјална работа кои се должни да ги спроведат програмите и другите општи акти на единицата на локална самоуправа, но само доколку се во рамки на законските прописи. Со цел имплементација на, со законот создадена обврска на општините, Град Скопје и општините во градот Скопје, да организираат и обезбедат социјална заштита согласно специфичните потреби за социјална заштита за своите граѓани, Министерството за труд и социјална политика изготвува Програма за соработка и следење на социјалната заштита во општините во Републиката. Со оваа програма ќе се регулира и поблиска соработка помеѓу централната власт претставувана од Министерството и Центрите за Социјална работа, со Локалната власт, на полето на социјална заштита. За таа цел, како поддршка на локалните субјекти во креирањето и реализацијата на Програмата за социјалните потреби на граѓаните од областа на социјалната заштита, во изминатиов период се вклучи и Фондот за социјални инвестиции – Проект за развој на општините, Министерството за финансии и Светска Банка, преку проектот „Обука за изработка на Локален акционен план за Социјална заштита“, мотивирајќи ги општините да креираат и усвојат Програма за социјалните потреби на граѓаните од областа на социјалната заштита, со изработка на Локален Акционен план, конкретно со финансиска поддршка на микро проект од областа на социјалната заштита. Планирањето на локалниот развој и децентрализацијата, ја создадоа потребата од квалитетни индикатори за следење и анализа на социјалните аспекти на човековиот развој на национално, односно општинско ниво, конкретно во областа на социјалната сфера. Општините, Градот Скопје и општините во градот Скопје организираат и обезбедуваат спроведување на социјална заштита во согласност со Законот за социјална заштита, преку донесување сопствени Развојни програми за специфичните потреби на граѓаните од областа на социјалната заштита. За успешно остварување на социјалната заштита во единиците на локалната самоуправа во Република Македонија, неопходно е изготвување на Акционен План за социјална заштита, кој ќе овозможи и операционализација на донесените развојни програми. Програмата за социјална заштита треба да биде базирана на утврдените потреби и приоритети во градот, како и на реалните материјални можности за обезбедување на одржлив развој на социјална заштита во Град Скопје. Главна цел на Предлог Програмата за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје е да направи целосна анализа на состојбите на целокупната сфера на социјалното живеење, со посветување целосно внимание на целните групи кои со закон има право да ги третира, да ги идентификува проблемите од оваа сфера и да даде приоритет во решавањето на истите во рамките на своите законски овластувања за добробитта на своите граѓани. ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ЗА СОЦИЈАЛНА,ДЕТСКА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА Врз основа на Законот за социјална заштита, во општите одредби, (поточно во членот 6, “Службен весник на РМ“ бр. 21/06– пречистен текст), се регулира надлежноста на општините во областа на социјалната заштита. Согласно овој закон, општината, Градот Скопје и општините во градот Скопје организираат и обезбедуваат спроведување на социјалната заштита, преку донесување сопствени Развојни програми за специфичните потреби на граѓаните од областа на социјалната заштита, и ги обезбедуваат обврските утврдени со овој закон и донесуваат општи акти од областа на социјалната заштита.
Од аспект на надлежноста на единиците на локалната самоуправа во областа на социјалната заштита, од особена важност е Законот за Локална самоуправа.
Во член 22 од Законот за локална самоуправа, наведени се надлежностите на општините за:
Социјална заштита и заштита на деца и Здравствена заштита
Согласно Законот за територијална организација на локалната самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр. 05/02 член 10 став 8 и 9) дадена е листа на надлежности во областа на социјалната, детска и здравствена заштита:
Покрај наведените закони, од значење за креирањето на акционите планови на единиците на локалната самоуправа, е и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа кој ги дефинира и поединечно ги разработува изворите на приходи и тоа како сопствените приходи на општините, така и оние што се обезбедуваат како трансфери на Буџетот на Републиката и Буџетите на фондовите и можноста за финансирање преку задолжување.
СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ЛОКАЛНО НИВО Социјалната заштита претставува организирана дејност од страна на Република Македонија за спречување и надминување на основните социјални ризици, на кои е изложен граѓанинот, семејството и групи население во текот на животот. Основните социјални ризици, на кои најчесто се изложени граѓаните се следните:
ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА И ТЕКОТ НА ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА ОСНОВАЧКИТЕ ПРАВА И НАДЛЕЖНОСТИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТАРИ ЛИЦА „МАЈКА ТЕРЕЗА„
Одделот за стари лица “Мајка Тереза”, Злокуќани, при ЈЗУ Геронтолошки центар “13 Ноември”, е изграден во 1964 година од Фондот за обнова и изградба на Скопје заедно со Интер – европската мисија на Шведската Влада. Изграден е со намена за згрижување на возрасни лица над 60 годишна возраст на кои им е потребна домска заштита и грижа. Домот претставува привремен објект – монтажни бараки со вкупна површина од 1550м2.
Во продолжение е направена категоризација на прашањата поврзани со состојбата во Домот:
Во правец на пренесување на основачките права и надлежности на Градот Скопје и регулирање на правниот статус на домот за стари лица “Мајка Тереза”, остварени се повеќе работни средби со претставници од Министерството за труд и социјална политика. За реализација на целата постапка консултирани се и Секретаријатот за законодавство при Владата на РМ и Централниот регистар и Основен суд 1 Скопје – Оддел за регистрација. Преговорите се движеа во насока на утврдување на спроведливоста на Одлуката на Владата во донесената форма и во утврдување на обврските околу формирањето на Јавна установа Дом за стари лица.
За да може да ги исполни условите за Јавна установа за згрижување на стари лица, Домот мора да исполни одредени нормативи и стандарди за основање на установи за социјална заштита за стари лица. Министерот за труд и социјална политика има донесено Правилник со кој се пропишани нормативите и стандардите за основање и започнување со работа на установите за социјална заштита за стари лица (“Службен весник на РМ” бр.10/05)). Како проблеми кои се јавуваат при пренесувањето на Домот под ингеренции на Градот Скопје се недостатокот на служби кои се неопходни за негово функционирање. Имено, за Домот самостојно да функционира треба да се обезбеди служба која ќе обезбедува медицинска грижа, администрација, раководство, перална и кујна. Засега, за потребите на домот овие услуги ги обезбедува Геронтолошкиот центар “13 Ноември”.
Ø Имотно – правни односи:
Министерството за труд и социјална политика врши распределба на дотациите по општини, односно Градот Скопје, за јавните установи за социјална заштита – домови за стари лица, согласно обезбедените средства во Буџетот на Република Македонија од 2005 година.
Поради типот на градбата - привремен објект – монтажни бараки, сопственоста на земјиштето на Музејот на Град Скопје и правото на негово користење, односно потребата за продолжување на истражувачките активности на Музејот на Град Скопје, како и проблемите со денационализацијата на дел од земјиштето и сопственост на физички лица налагаат изнаоѓање на други форми за трајно решение на имотно правните односи и евентуална дислокација на домот за стари лица. Поради сите наведени проблеми поврзани со состојбата во одделот Мајка Тереза, практичното пренесување на основачките права на одделот Мајка Тереза не е завршено. За да може да се спроведе одлуката на Владата наместо оддел како организационен дел, на Градот Скопје треба да му се пренесе домот Мајка Тереза претходно организиран како правно лице. Предлог активности на одделението за социјална, детска и здравствена заштита за 2007 година Предложената програма и активностите се базирани врз анализа на состојбите и проценка на потребите на граѓаните и капацитетите на градот во делот на нивно задоволување или унапредување. Исто така формирана е и база на податоци со сите релевантни организации кои работат во сферата на социјалната заштита. Информацијата за состојбите и потребите за одделни социјално исклучени лица и тоа бездомни лица, лица засегнати од злоупотреба на дрога и алкохол, стари лица, деца на улица и други целни групи, одделението за социјална, детска и здравствена заштита, ќе ги предложи како теми на Совет на Град Скопје. Остварување социјална заштита на лица со хендикеп Поставување пристапни рампи и овозможување пристап на лицата со хендикеп до градските културни институции Со реализацијата на проектот треба да се овозможи поголема пристапност на лицата со посебни потреби до градската библиотека, Музејот на Град Скопје, Домовите на културата, Зоолошката градина и другите културни институции со изградба / поставување пристапни рампи на влезовите и други поважни приоди. Цел:
Градоначалникот на Град Скопје се грижи и го обезбедува спроведувањето на оваа Програма.
Комисијата за социјална и Комисијата за здравствена заштита го следи спроведувањето на оваа Програма, покренува иницијативи, дава мислења и поднесува предлози во врска со остварувањето на предвидените цели и активности. Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје”. Број 07 –427/1 20 февруари 2007 година С к о п ј е СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, Благој Чоревски, с.р Në bazë të nenit 36, paragrafit 1 pika 1 nga Ligji për vetëqeverisje lokale (Gazeta zyrtare e R.M-së. nr. 5/02) dhe neni 6, të Ligjit për mbrojtje sociale (Gazeta zyrtare e R.M-së. nr. 21/06 – teksti i pastruar), Këshilli i Qytetit të Shkupit në seancën e tridhjetëepestë, të mbajtur më 20 shkurt 2007, solli
Mësim i gjuhës angleze për fëmijët nga familjet për përkujdesje
Qendra kulturore fëmijërore – Karposh në bashkëpunim me Qendrën meskomunare për punë sociale formoi grup të fëmijëve të cilët e mësojnë gjuhën angleze. Grupin e përbëjnë fëmijë pa prindër të marrë nën mbrojtje të familjeve për përkujdesje. Kursi për gjuhën angleze zhvillohet në hapësirat e QKF – Karposh. Projekti filloi në vitin shkollor 2006/2007 dhe do të vazhdoj në vitin shkollor 2007/2008. Për zhvillim pa pangesa të mësimit është i nevojshëm sigurimi i doracakëve dhe honorarit për arsimtarin e gjuhës angleze. Mjetet sigurohen nga Buxheti i Qytetit të Shkupit. Përkrahje e SOS info linjave si ndihmë e qytetarëve për ndihmë dhe këshilla Përkrahja e SOS linjave do të bazohet sipas vlerësimit të nevojave të qytetarëve dhe prioriteteve të qytetit të Shkupit për realizimin e kujdesit social nëpërmes ofrimit të informatave profesionale dhe përkrahje të personave të cilëve ju janë kërcënuar të drejtat njerëzore, personave viktima të dhunës familjare dhe personave të prekur nga keqpërdorimi i drogës. Realizim i mbrojtjes sociale për persona të prekur nga keqpërdorimi i drogës dhe alkoolit Detyrë e rëndësishme në realizimin e mbrojtjes sociale për persona të cilët përdorin drogë është implementimi i suksesshëm i Strategjisë nacionale për drogë në nivel lokal si dhe lidhje dhe përmirësim i koordinimit në nivel lokal me komunat dhe shkollat ne qytet në drejtim të krijimit dhe realizimit të programit për parandalim të përdorimit të drogës dhe alkoolit. Aktivitete:
Qëllime
Qëllimi:
Formim i fondit për intervenim në kriza dhe veprim i shpejtë për ndihmë në rast të fatëkeqësive elementare Aktivitete:
Aktivitetet e qytetit të Shkupit në fushën e mbrojtjes sociale dhe shëndetësore, të caktuara me këtë Program, do të financohen nga mjetet e Buxhetit të Qytetit të Shkupit të caktuara për vitin 2007 për këtë qëllim, si dhe nëpëmjet formave dhe aktiviteteve të tjera për sigurimin e përkrahjes financiare për realizimin e tyre nga: