ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ
Година:
2005
Број:
6
Датум на издавање:
07/20/2005
Општина:
Совет на Општина Аеродром
Тип:
Одлука
Наслов:
Одлука за формирање и надлежноста на постојните комисии на Советот на Општината Аеродром
Текст:
В
рз основа на член 32 став 2 од Законот за локалната самоуправа (Службен весник на РМ 5/02), Советот на Општината Аеродром, на Четвртата седница одржана на 17 мај 2005 година
,
донесе
О Д Л У К А
за формирање и надлежноста на постојните комисии на Советот на Општината Аеродром
Член 1
За претресување на прашања од својата надлежност Советот на Општината Аеродром формира постојани комисии.
Член 2
Комисиите на Советот:
-
расправаат за прашања од областа за која се формирани;
-
даваат мислења и предлози до Советот,
-
ги разгледуваат предлозите на Градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.
Член 3
Постојани комисии на Советот се:
-
Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
-
Комисија за урбанизам и комунални дејности;
-
Комисија за заштита на животната средина;
-
Комисија за образование и култура;
-
Комисија за млади и спорт;
-
Комисија за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита;
-
Комисија за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита;
-
Комисија за родова еднаквост;
-
Комисија за Статут и прописи;
-
Комисија за мандатни прашања, избори и именувања.
-
Комисија за признанија и награди, и
-
Комисија за меѓународна соработка
-
Комисиите се составени од 5 члена на Советот.
Член 4
Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на Општината, Буџетот и Годишната сметка, прашањата за користење на средствата од Заедничкиот фонд на градот Скопје, прибирање на средствата од локалните даноци, локалните такси, локалните надоместоци како и за другите приходи на општината, прашањата за планирање на локалниот економски развој, развојните и структурни приоритети, развојот на малите и средните претпријатија како и други прашања од оваа област.
Член 5
Комисијата за урбанизам и комунални дејности ги разгледува прашањата од урбанистичкото планирање, прашањата од работата на јавните служби, прашањата од комуналното уредување на градот и населените места.
Член 6
Комисијата за заштита на животната средина ги разгледува прашањата од надлежност на Општината, а кои се однесуваат на заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и за други прашања од оваа област.
Член 7
Комисијата за образование и култура, ги разгледува прашањата во врска со основното образование(основање, финансирање и друго),областа на културата(подршка на установите и културни манифестации, одбележување на настани идруго) и други прашања во овие области.
Член 8
Комисијата за млади и спорт разгледува прашања за развојот и рекреативните активности на младите, училишните спортски приредби и манифестации, системот на натпревари на општинско ниво , соработуваат со спортските општествени организации и разгледуваат други прашања од оваа област.
Член 9
Комисијата за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита разгледува прашања од областа на состојбите во јавните установи за деца, социјалната заштита и здравствената заштита( здравјето на работниците, здравственото воспитување, унапредување на здравјето и друго).
Член 10
Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита разгледува прашања поврзани општо со безбедноста на граѓаните и имотот, безбедноста во сообраќајот и во областа на противпожарната заштита.
Член 11
Комисијата за родова еднаквост разгледува прашања за еднаквите можности помеѓу жените и мажите, состојбите со застапеноста на жените во органите, учествува во проекти од оваа област, како и разгледува прашања од значење за родовата еднаквост.
Член 12
Комисијата за Статут и прописи:
го утврдува предлогот на Статутот, ги разгледува иницијативите и предлозите за измена на Статутот и ја следи неговата примена и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер;
го утврдува предлогот на деловникот на Советот;
подготвува предлог мислења по предлог законите кои се однесуваат на Општината, и
разгледува и други општи акти од надлежност на Советот.
Член 13
Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања:
разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно-имунитетните прашања;
разгледува и подготвува предлози за избор и именување и разрешување од надлежност на Советот;
определува плати, надоместоци и други примања на избрани и именувани лица, и
ја определува висината на надоместокот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот, како и на трошоци направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот.
Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на својата прва седница.
Член 14
Комисијата за признанија и награди:
-
покренува иницијативи и предлози за признанија и ги разгледува иницијативите и предлозите за признанија поднесени од други субјекти;
-
Дава мислења по поднесените предлози;
-
Дава предлози и ги разгледува предлозите за прогласување почесен граѓанин на Општината, и
-
организира свечено одбележување при врачување на признанијата и наградите и ја известува јавноста преку средствата за јавно информирање.
Член 15
Комисијата за меѓународна соработка разгледува прашања и предлага воспоставување на соработка на општината со локални заедници или локалните власти со други држави, како и предлага на Советот членување во меѓународни организации на локалните заедници или локалните власти.
Член 16
Претседателот и членовите на комисиите ги избира Советот на предлог на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.
Предлогот за избор содржи онолку кандидати колку што се избираат членови на работните тела.
Политичките партии кои партиципираат во Советот ќе бидат пропроционално застапени во вкупниот број на членови на сите комисии.
Член 17
Начинот на работа на комисиите поблиску се уредува со Деловникот на Советот.
Член 18
Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во
„
Службен гласник на Град Скопје
“
.
Број 07
-28/1
17 мај 2005 год.
Скопје
Претседател
на Советот на Општината Аеродром,
Југослав Зибероски, с.р.