ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Година: 2004 Број: 7
Датум на издавање: 08/29/2004

Општина: Совет на Град Скопје
Тип:Одлука

Наслов: Одлука за обезбедување станбен и деловен простор за потребите на уредувањето на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје
Текст:Врз основа на член 61 од Статутот на Град Скопје, Советот на Град Скопје, на четириесет и третата седница, одржана на 24 јуни 2004 година, донесе


О Д Л У К А
за обезбедување станбен и деловен простор за потребите на уредувањето на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје


Член 1
Со оваа Одлука се утврдува потребата за обезбедување станбен простор - два двособни и два трособни стана и деловен простор (до 25 м2), заради уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје - изградба на сообраќајница и мост на река Вардар кај Транспортниот центар.
Член 2
Средствата за реализација на оваа Одлука се обезбедуваат од Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето за Град Скопје за 2004 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје”.



Број 09-1797/1
24 јуни 2004 година
С к о п ј е

СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ
ПРЕТСЕДАВАЧ,
Страшо Нелковски